УЈП утврдила неправилности кај пет даночни обврзници кои продавале на отворено


Фото: Б. Грданоски

Изминатиот продолжен викенд УЈП направи 20 контроли кај деловни субјекти кои продавале производи и услуги на отворено, односно на манифестациите „Егзит“ во Струмица и „Тиквешки гроздобер“ во Кавадарци.

Од извршените контроли, кај пет даночни обврзници утврдени се неправилности кои се однесуваат на неиздавање фискални сметки и неводење книга за дневен финансиски извештај.

Управата за јавни приходи пред одржување настани на отворено одржува работни средби со учесниците кои закупиле штандови на настаните и им посочува на почитување и усогласување со даночните закони.

Работните средби со исто темпо продолжуваат и понатаму, соопштија од УЈП.