УХМР: Намалена видливост поради прашина од Сахара и невреме на северот
Денес во попладневните и вечерните часови ќе има развој на локална нестабилност проследена со намалена видливост, поради транспорт на прашина од Сахара.
Во северните делови ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд, грмежи и засилен, повремено силен ветер (над 60 км/час) од променлив правец.
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од утре попладне до вторник ќе преовладува променливо облачно време, наместа со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, со пообилен пороен дожд, чести електрични празнења, силен ветер (над 60 км/час) и услови за појава на град.
Температурата од утре ќе биде во постепено опаѓање.