Угина крокодилот Берт од филмот „Крокодил Дaнди“: Имаше повеќе од 90 години


Крокодилот Берт од филмскиот хит од осумдесеттите „Крокодилот Дaнди“ угина во Австралија и се верува дека имал повеќе од 90 години.

Оваа вест ја објави центарот за диви животни во Дарвин, каде Берт живееше од 2008 година.

„Со голема тага ја објавуваме смртта на Берт, иконскиот крокодил, ѕвезда на австралиската класика Крокодил Дaнди“, објави центарот на Инстаграм, додавајќи дека Берт умрел за време на викендот.

Не е невообичаено за морски крокодили да живеат повеќе од 70 години, особено во заробеништво, наведува Би-би-си.

 

„Crocodile Dandy“ сè уште е австралискиот филм со најголема заработка на сите времиња, со заработка од речиси 48 милиони долари. Снимени се две продолженија на тој филм: „Крокодилот Данди II“ од 1988 година и „Крокодилот Данди во Лос Анџелес“ од 2001 година.

Документарниот филм за снимањето на филмот се очекува да биде објавен следната година.