УЕФА ја потврди казната за „Левски“ од 40.000 евра за хулиганството во Скопје


 

Дисциплинската комисија на УЕФА ги потврди казните изречени на софискиот клуб „Левски“ при гостувањето во Скопје на мечот со „Шкупи“ во второто квалификациско коло од Конференциската лига. Казната за „Левски е 40 илјади евра, објави бугарската телевизија Нова.

„Шкупи“ ќе треба да плати казна од 41.250 евра, од кои 10 илјади се за расистичко однесување и исто толку за провокативно скандирање од навредлив карактер.

Се очекува и европската централа делумно да го затвори стадионот „Георги Аспарухов“ поради петардите на реваншот во Софија. Освен тоа раководството на „Левски“ има рок од 30 дена да стапи во контакт со македонските власти за договор за санирање на штетите на Градскиот стадион во Скопје што ги направија бугарските навивачи при нивните хулигански истапи на трибините и поттрибинскиот простор.