Учениците од ОУ „Исмаил Ќемали“ маршираа за загинатите деца во автобусот


Фото: Б. Грданоски

Ученици од Основното училиште „Исмаил Ќемали” од Општина Чаир денеска излегоа на марш во Скопје, од нивното училиште до плоштадот „Скендербег“ во знак на почит кон нивните соученици кои ги загубија животите во автобуската несреќа во Бугарија. Од вчера, кога ја слушнаа веста дека пет нивни другарчиња загинале, тие се во тага. Велат, уште не можат да поверуваат дека никогаш повеќе нема да ги видат нивните весели лица, дека никогаш повеќе нема да можат да си поиграат, да си кажуваат шеги и да учат заедно.

Фото: Б. Грданоски

„И навистина, животот знае да биде нерешлива енигма. Носи радосни моменти, но понекогаш носи и премногу тажни моменти, предизвикува голема болка. Ова што нѝ се случи, изгледа нереално. Имаме тешка болка во душата, во нашите срца. Сакаме да им порачаме на нашите врсници, дека споменот ќе го чуваме засекогаш, но болката нема да исчезне. Споменот ќе биде во нашите срца. И тој ќе нè поврзува со нашите другарчиња кои ги загубија своите премлади животи. Им велиме на нашите врсници, не само од нашето училиште – бидете држете се заедно, така сте посилни, така сме појаки“, рече една ученичка во името на соученици.

Фото: Б. Грданоски

На ученичкиот собир и марш говореа и други деца кои се присетуваа на заедничките денови поминати во училиштето или во игра. Заедно со учениците беа нивните наставници и дел од родителите.