Убиството кај Мавровка го стави Скопје на врвот кај медиумите во регионот


По денешното убиството кај Мавровка и вчерашната престрелка во Ченто, Скопје се најде на врвот на вестите кај медиумите од регионот. 

Хрватски Дневник пренесува дека во вооружениот напад пред трговскиот центар Мавровка е убиено едно лице, како и дека според очевидци, убиениот бил адвокат.

Порталот исто така пренесува дека полицијата и брзата помош излегле на местото на настанот, како и дека нападот го извршиле четири лица кои пукале во полицајците додека бегале. Ниту еден од полицајците не е повреден.

Иако МВР не го откри идентитетот на убиениот, македонските медиуми објавија дека наводно се работи за Васил Е., адвокат кој поседувал и приватна фирма. Во моментот на пукањето наводно бил придружуван од сопругата.

По пукањето на паркингот пред трговскиот центар, полицијата затвори дел од градот, изврши увид во неколку околни домови и возила. На подрачјето на Чаир забележано е патничко возило од кое патниците пукале во полициските службеници кога тие почнале да ги следат.

На нападот полицијата одговорила со истрели, а две лица се уапсени, пренесува Дневник.хр Полицијата го откри идентитетот на третиот напаѓач, по кого во потрагата биле вклучени хеликоптер и дронови, при што асе додава дека очевидци наведуваат дека напаѓачите пукале во жртвата, му украле предмети од автомобилот, вклучително и лаптоп и избегале.

Белградски „Блиц“ исто така веста за убиствот во Скопје на палсира како ударна, при што го пренесува пишувањето на македонските медиуми, и наведува дека ова е второ пукање во Скопје во последните 24 часа.

Блиц исто така пренесува дека возилото што го користеле напаѓачите за убиството кај „Мавровка“ е пронајдено на скопска Гази Баба, какои дека било со со белгиски регистарски таблички.

Веста е една од ударните и на Б92, Јутарњи лист, црногорски Вијести и други медиуми во регионот.

Инаку, како што пишуваат некои од македонските медиуми во нападот кај Мавровка учествувале три лица, а двајца од нив веќе се приведени.

Повикувајќи се на очевидци, медиумите јавуваат дека напаѓачите пукале во жртвата, како и дека од неговиот автомобил одзеле повеќе предмети, меѓу кои и лаптоп-компјутер, а потоа побегнале.

Инаку, порталот Плусинфо пишува дека жртвата не е адвокат, како што претходно се тврдеше, туку е бизнисмен, кој се занимавал со продажба на материјали за водовод и канализација, но имал и дуќан за бижутерија во трговскиот центар „Бисер“ во Аеродром. Според порталот, кој се повикува на полициски извори, убиството било сплет на несреќни околности, бидејќи напаѓачите помислиле дека во својот автомобил носи чанта полна со злато и вреден накит, при што се обиделе да го ограбат, но убиениот им се спротивставил, по што го застрелале во главата.