Убиен 64-ти член на персоналот на ОН во Газа


Агенцијата за палестинските бегалци на Обединетите нации (UNRWA ) објави дека е убиен уште еден нејзин член на персоналот, со кој вкупниот број на загинати вработени и дипломати на ОН во Газа достигна  64.  Со убиениот претставник на ОН загинале и неговата сопруга и 8-те деца.

„Ова е највисоката бројка досега на загинати хуманитарни работници во каков било конфликт ширум светот за толку кратко време“, изјавија од Обединетите нации.

Оваа Агенција на ОН згрижува 672.000 луѓе кои се засолнети во 149 објекти на UNRWA низ Газа и сега се соочуваат со сè поочајни услови. На профилот на оваа Агенмција на Твитер е објавена фотографија без преседан досега – погребен венец и посвета за „саканите загинати колеги“.