Уапсен поранешен хрватски министер: Злоупотребил европски пари, требало да сади лалиња


По наредба на Европското јавно обвинителство (ЕЈО), уапсен е Хрвоје Војковиќ, поранешен шеф на Кроација осигурување и министер за економија во владата на Ивица Рачан, јавија хрватските медиуми.

Според неофицијални информации, Војковиќ е уапсен за измама со субвенции и фалсификување деловен документ, а се сомнева дека добивал субвенции за садење лалиња кои никогаш не ги засадил.

Наводните незаконитости се случувале од 2020 до 2022 година.

Медиумите во Хрватска го прикажаа и имотот каде што требало да бидат засадени лалињата за кои добил стимулации од Европската Унија. Таму нема речиси ништо, а секако и лалиња, пишува порталот Истра24.

На оградата што се граничи со помалата парцела е поставена табла со информацијата на фирмата на Воковиж „Наша фарма“, со наслов „Цветни насади“, под која пишува дека станува збор за лалиња и божури. Според тој натпис, партнери во проектот требало да бидат „Ирис МБМ“ и „ОПГ Ледински“. Полето изгледа како да е расчистено релативно неодамна. Сепак, на него нема цвеќе, како што може да се види на видеото.