Тулси Габард поднесе оставка како директор на Националното разузнавање на САД


 

Тулси Габард сподели изјава на Икс, потврдувајќи дека поднесува оставка од функцијата директор на Националното разузнавање, наведувајќи ја болеста на нејзиниот сопруг.

Во писмото за оставка, кое првично го објави Фокс њуз, Габард му кажува на претседателот дека е „длабоко благодарна за довербата што ми ја дадовте и за можноста да ја водам Канцеларијата на директорот на Националното разузнавање во последните година и пол“.

„За жал, морам да поднесам оставка, која стапува на сила на 30 јуни 2026 година. На мојот сопруг, Абрахам, неодамна му беше дијагностицирана исклучително ретка форма на рак на коските“.

Нејзиниот сопруг „се соочува со големи предизвици во наредните недели и месеци“, напиша таа. „Во овој момент, морам да се повлечам од јавната служба за да бидам покрај него и целосно да го поддржам во оваа битка“.

Во објава на Truth Social, претседателот го објави Арон Лукас, главниот заменик-директор на Националното разузнавање, за вршител на должноста директор на националното разузнавање, кој ќе ја замени Тулси Габард. Трамп жали за заминувањето на Габард и му посака добро здравје на нејзиниот сопруг.