Тропски рај: Остров на кој автомобили може да имаат само оние кои ќе ги делат со другите


Островот Ла Диг на Сејшелите е познат како „земја на плажите“ кои одземаат здив. Тоа е тропски рај за сите љубители на егзотични дестинации.

Со величествена клима и прекрасен поглед, островот е еден од омилените како туристичка дестинација за луѓето ширум светот.

Ла Диг се одликува со специфичен народ кој и понатаму ја негува традицијата и културата стара неколку века, па така и туристите се поттикнуваат да користат велосипеди иако автомобилите не се потполно забранети.

Моторни возила на Ла Диг има многу малку, затоа што жителите кои ги има 3.000 на број, го користат велосипедот како главно превозно средство. За мештаните автомобилите се непотребни, а движењето на велосипеди отсекогаш бил нивни начин на живот.

Во осумдесеттите само богатите семејства имале автомобил, а од тогашните десет возила, бројот досега се искачил на 60, што е прилично врзано за потешкотиите со индивидуалната сопственост. Имено, автомобилите не се дозволени ако не пружаат јавна услуга.

Друга опција за превоз се воловските запреги кои на турситите им овозможуваат потполно поинакво доживување, иако денес на островот има само уште едно „такси“ чија кола ја влече вол.