Три лица загинаа во САД, полицаец се бранел од напад со нож


Најмлаку тројца се убиени во инцидент во Арканзас, САД, кога полицаец пукал бранејќи се од напад со нож, соопшти Полицијата.

Меѓутоа, тие не изнесоа повеќе детали за тоа што точно се случило, ниту за начинот на кој луѓето се убиени и што довело до тоа полицаец од Форт Смит да пука од пиштол, пренесе АП.

Полицијата не потврди веднаш дека припадник на полицијата убил некого од загинатите, ниту дали можеби е прободен со нож.

Инцидентот се случил околу 6.15 часотн наутро, по локално време, во Форт Смит, кој се наоѓа на 260 километри северозападно од Литл Рок, административен центар на Арканзас.

Полицаецот кој е повреден, итно е опериран, изјави Арик Мичел, портпарол на полициската управа на Форт Смит.