Три британски авиокомпании побараа оценка на законитоста на карантинот
Авиокомпаниите Бритиш ервејс, Изиџет и Рајанер покренаа оценка на законитоста на планот за карантин на британската Влада, со барање што побрзо да се спроведе судска ревизија.
Авиокомпаниите најавија претходно оваа недела дека ќе се обидат да го запрат 14-дневното правило за карантин за меѓународните пристигнувања, за кои веруваат дека ќе ги одврати туристите од патување, а со што би се зголемила понатамошната загуба на работни места.
Адвокатите на авиокомпаниите рекоа дека Владата ќе мора да изнесе научни докази за да ја поддржи потребата за карантин, доколку се спроведе судска ревизија..
Правилото за 14-дневен карантин по влегувањето во Велика Британија стапи во сила во понеделникот.
Авиокомпаниите, исто така, ја отфрлаат опцијата за „воздушни коридори“, кои би се воспоставувале со билатерални договори меѓу земји со ниска стапка на заразени.