Трансформаторот за РЕК „Битола“ ќе стигне за три дена


 

Новиот трансформатор за Блок 3 на РЕК „Битола“ е на пат од Солун кон граничниот премин Меџитлија. Трансформаторот се изработуваше во фабриката „Астор“ во Турција и се очекува на 22 ноември да биде во РЕК „Битола“, соопшти ЕСМ.

Трансформаторот е тежок 240 тони и од Турција се пренесува со специјална композиција, преку копно низ Турција, бродски до солунското пристаниште и од таму повторно по копно се движи кон крајната дестинација – РЕК „Битола“.

За композицијата долга 60 метри преземени се специјални услови за движење, зајакнување на патната инфраструктура на одредени делови на трасата, посебна сообраќајна регулација и управување со мала брзина.

Откако трансформаторот ќе пристигне во РЕК „Битола“, ќе бидат потребни 10-ина дена за негова монтажа и ставање во погон, наведуваат од ЕСМ.