Трамп најави трипати поголем предизборен митинг од планораниот
Американскиот претседател Доналд Трамп, кој планира голем предизборен митинг во Тулса, Оклахома, ги отфрли апелите за откажување на митингот поради ризик од Ковид-19 и најави трипати помасовен настан од планираното.
– Имаме сала со 22.000 места, но мислам дека ќе ја користиме и соседната конгресна сала, во која можат да бидат сместени 40.000 луѓ“, изјави синоќа Трамп пред новинарите во Белата куќа.
Медиумите во Тулса оценија дека организирањето митинг во затворен простор е огромен здравствен ризик поради пандемијата на коронавирусот.