Трагична смрт на руска актерка во Тајланд – голем бран ја повлече во морето
Руската 24-годишна актерка Камила Бељаскаја почина во Тајланд откако огромен бран ја извлекол од карпа во морето. Во тој момент, актерката била на островот Кох Сумуи каде што вежбала јога на карпа.
На социјалните мрежи се проширија страшна снимка и фотографии од Камила откако бранот ја однел во морето. Еден од сведоците влегол во морето за да се обиде да ѝ помогне, но не успеал. Не се знае што се случило со него. Напомош дошла и спасувачката екипа која исто така се борела со немирното море. Помошта пристигнала 15 минути откако бранот ја одвлекол, но немало начин да ја спаси.
Подоцна на површината на водата е забележана нејзината подлога на која вежбала.
Бељаскаја пристигнала во Тајланд со своето момче, објави Дејли мејл. Таа отишла на популарното туристичко место Лад Кох Вјупоинт (Lad Koh Viewpoint) за да ги гледа брановите и да вежба со убав поглед. Таа пред смртта ги контактирала своите следбеници на социјалните мрежи и кажала колку го сака тоа место. Бељаскаја рекла и дека неколкупати се враќала на островот и го опишала како „дом“ и „најдобро место на Земјата“.