Топ 10: Најплатените фудбалски ѕвезди играат во Саудиска Арабија


За сè е „виновен“ Кристијано Роналдо кој минатата зима го засили Ал-Наср, а по него почнаа да доаѓаат Карим Бензема, Нејмар, Садио Мане, Џордан Хендерсон..

Некогаш на фудбалскиот трансфер пазар патиштата водеа кон италијанската Серија А, англиската Премиер лига, а сега најголемите фудбалски ѕвезди се насочуваат кон – Саудиска Арабија!

Саудијците ги купуваат најдобрите, најголемите, најскапите фудбалери. Купуваат вистински фудбалски ѕвезди кои ги обожаваат навивачите ширум светот.

 

Последниот од низата фудбалери кои направија трансфер во Саудиска Арабија беше Бразилецот Нејмар кој од ПСЖ се пресели во Ал-Хилал.

Некои од договорените заработки ги надминуваат сите претходни рекорди. Она што на сите им е јасно, од играчите кои не играат во Саудиска Арабија, на Топ 10 листата се само Килијан Мбапе кој ја зазема петтата позиција и Лионел Меси на шестата позиција.

1. Кристијано Роналдо (Ал-Наср) – 200 милиони евра
2. Карим Бензема (Ал-Итихад) – 200 милиони
3. Нејмар (Ал-Хилал) – 100 милиони
4. Н`Голо Канте (Ал-Итихад) – 100 милиони
5. Килијан Мбапе (ПСЖ) – 70 милиони
6. Лионел Меси (Интер Мајами) – 45 милиони
7. Садио Мане (Ал-Наср) – 40 милиони
8. Џордан Хендерсон (Ел-Итифак) – 40 милиони
9. Ријад Марез (Ал-Ахли) – 35 милиони
10.Калиду Кулибали (Ал-Хилал) – 30 милиони