Точеле алкохол на малолетници во Струга, кои завршиле на токсикологија

СВР Охрид поднесе кривична пријава против правно лице-продавница за пијалоци од Струга, против П.С.(49)-сопственичка на правното лице и вработената М.М.(27), двете од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење алхохолни пијалоци на дете“.
На 26.05.2025, по претходна пријава од Медицински центар Струга дека кај нив биле донесени две малолетни деца затруени од алкохол, полициски службеници преземале мерки и констатирале дека во продавницата не им бил побаран документ за идентификација на децата и не била испочитувана забраната за продажба на алкохолни пијалоци на малолетни лица, односно им било овозможено да купат алкохол.