Случајот се наоѓа во доказна постапка и досега се изведени 2.750 од околу 5.900 предложени материјални докази од СЈО.
Застапникот на обвинението Лиле Стефановска, на почетокот посочи дека се продолжува со изведување на докази за злоупотреба на средства за финансирање на политичка кампања од 2013 година. Станува збор за оригинални уплатници од банка од физички лица и правни лица.
Освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, во Титаник обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.
Тие се осомничени за злосторничко здтужување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.