Тина Тарнер се поднови со нов дом во Цирих за 76 милиони долари


Швајцарија– Легендарната поп-ѕвезда Тина Тарнер  (81) живее во Европа повеќе од дваесет години со нејзиниот сопруг роден во Германија, Ервин Бах – одлука на која таа е среќно посветена, навидум, откако таа и Бах се откажаа од американското државјанство пред речиси 10 години. Двојката изнајмувала имот во Швајцарија со децении, но бидејќи законот ги ограничува граѓаните без државјанство да купуваат имот во земјата, тие не можеле да купат дом. Откако добија државјанство во 2013 година, тие беа во можност целосно да го искористат своето право да купат што сакаат. „Њујорк пост“ објави дека најновото дополнување на нивното портфолио е имот од 76 милиони долари во близина на езерото Цирих.


Имотот располага со десет различни структури распространети на 5,5 хектари земја и вклучува приватен простор покрај езерото. Надворешниот простор отсекогаш бил приоритет за Тарнер, како што изјави за АД кога списанието го посети нејзиниот имот во Јужна Франција во 2000 година.

„Ми требаат природа и осаменост – тие ме негуваат. Мојата идеја за одмор е да читам книга на тераса додека маж ми ни готви вечера.“

Грмушките и другото зеленило овозможуваат одредена приватност, додека базенот и пристаништето овозможуваат дополнително уживање на отворено.

Не е јасно дали двојката купила примарна куќа и во Швајцарија, или сè уште го изнајмуваат домот познат како Шато Алгонкин во кој живееле со години пред да добијат државјанство. Во секој случај, нема сомнеж дека Тарнер ќе најде радост во украсувањето на имотот.

„Одличен ентериер мора да се спои“, изјави Тарнер за АД. „Кога ќе видам нешто што го сакам – комплет мебел, парче уметност – никогаш не мерам, никогаш не се двоумам, само го купувам. На крајот ќе најдам место за него. Имам силни вкусови – и големи складишта. Отсекогаш сакав и имав потреба да ја трансформирам мојата околина“.

Тарнер, лани, беше примена во Рокенрол холот на славните во Кливленд. Првпат ја доби оваа чест во 1991 година со нејзиниот поранешен сопруг Ајк Тарнер, но во октомври таа беше прославена за нејзината уште поголема соло кариера во 1980-тите и 1990-тите. Претходно, Тарнер се прости од јавниот ѓивот со емотивен документарец „ТИНА“,  кој го режираа Оскаровците Дан Линдзи и Т.J. Мартин.