„Тие се светска закана“ – дозволија вирусот да се шири


Огранизацијата Лекари без граници ја критикуваше бразилската влада поради немарен пристап во борбата против корона вирусот.

Таа организација ја обвини валдата во Бразил дека поради неа земјата се нашла во хуманитарна катастрофа, за која сметаат дека ќе се зајакне следната седмица.

„Мора да бидам многу јасен: немарноста на бразилската влада ги чинеше животи на граѓани“, изјави меѓународниот претседател на организацијата Кристот Кристоу.

Имено, бројот на смртни случаи кои се поврзуваат со ковид во Бразил премина 362.000 и таа земја сега е второпласирана во светот зад САД според тој црн број.

Лекарската организација ја обвини на немарност конзервативната влада која ја предводи Жаир Болсонаро, кој на почетокто од пандемијата тврдеше дека вирусот е безопасен и се бореше против затворањето, затоа што го штитеше бизнисот.

„Во одговорот на пандемијата немаше координација, немале јавно предочување за тоа дека се работи за сериозна болест. Науката е ставена на страна“, истакна организацијата.

„Делеа лажни вести, а здравствените работници се препуштени на себе“, изјави Меиние НИколаи, директорка на организацијата додавајќи дека властите промовирале недокажани немедицински терапии.

Таа на прашањето дали владата на Болсонаро најлошо одговорила на пандемијата од сите светски влади рече дека е согласна со таа констатација.

„Дали е најлоша на светот по тоа што не ги имплементираше мерките кои даваа резултат секаде на светот? Би рекла да“, изјави таа зборувајќи за страшната состојба во бразилските болници.

И во меѓународни кругови се шири страв дека неконтролираното ширење на пандемијата во Брази претставува светска закана, а посебно кога станува збор за ширењето, се чини, поопасната бразилска варијанта на вирусот, која се поврзува со бразилската река Амазон.

Французите поради тоа, оваа седмица ги прекинаа летовите со Бразил, Британците предупредија да не се патува за Бразил ако не е неопходно, а се зборуваше и за „апсолутно драматична состојба во Бразил“.

Сега Лекари без граниви ја критикуваат тамошната влада, истакнувајќи дека состојбата на терен во Бразил може да биде и полоша во следните месеци.