Тетовец со закани барал од двајца браќа 100.000 евра, потоа ги нападнал со нож
Двајца браќа од тетовското село Пршовце биле повредени по напад со нож, откако претходно добиле закани и барање да исплатат 100.000 евра.
Како што информираат од МВР, синоќа во 23:35 часот во СВР Тетово, С.А. (41) и неговиот брат А.С. (42) пријавиле дека околу 21:00 часот, додека С.А. престојувал во угостителски објект, телефонски му се јавил Д.И. (37) од Тетово и му побарал 100.000 евра, при што му упатил закани.
Подоцна, двајцата се сретнале на улицата „120“ пред маркет, каде што Д.И. пристигнал со мотор, при што, меѓу нив настанала вербална расправија, која прераснала во физичка пресметка.
Во еден момент, според пријавата, Д.И. извадил нож со намера да го нападне С.А., но бил спречен од неговиот брат А.С., кого го повредил. Потоа, со нож го повредил и С.А.
На двајцата повредени им била укажана лекарска помош во Клиничката болница во Тетово.
Истата вечер, во 22:20 часот, осомничениот Д.И. сам се пријавил во Полициската станица во Тетово, по што бил лишен од слобода и задржан за понатамошна постапка.
По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.