Тесна трка во Бугарија меѓу ГЕРБ и „Промената продолжува“


Коалицијата „Промената продолжува“ на доскорешните министри Кирил Петков и Асен Василев и ГЕРБ на Бојко Борисов се во тесна трка за првото место на парламентарните избори, кои заедно со претседателските се одржаа денеска во Бугарија. За избор на претседател, најверојатно, ќе има и втор круг.

Во 47. Народно Собрание ќе влезат пратеници од седум или од шест партии. Победникот повторно нема апсолутно мнозинство. Ова го покажуваат резултатите од излезните анкети.

Ниту еден од кандидатите на претседателските избори не успеа да ги добие потребното мнозинство од оние што гласаа, па победникот ќе се решава во вториот круг, покажуваат излезните анкети. Во вториот круг ќе се соочат актуелниот шеф на државата Румен Радев и  Анастас Герџиков. Во моментов при 70 отсто преброени ливчиња, Радев има освоено 50,1 отсто гласови а  неговиот противкандидат – 23,8 отсто.

Без мнозинство, но со прв резултат е коалицијата  „Промената продолжува“ со 26,3 отсто од гласовите, а зад неа веднаш е ГЕРБ  со 23,2 отсто. На третото место е за ДСП со  11,6 отсто од гласовите, а на четвртата позиција е за БСП. Тие уживаат поддршка од 10,9% од оние кои излегле на гласање.

Формацијата „Има таков народ“ на Слави Трифонов очигледно изгуби значаен дел од поддршката што ја доведе до првото место на изборите во јули. За нив денеска гласале 9,9 отсто од гласачите, според ,,Галуп”.

Шестата партија во новиот парламент ќе биде Демократска Бугарија со 7,8 отсто од гласовите. Последната партија што го преминува прагот за влез во парламентот е „Преродба“. „Под линијата“ од 4% останува „Стани БГ! Доаѓаме“ (2,2%). По неа следи ВМРО со 1,2 отсто од гласовите. За други формации гласале 3,6%.

Според податоците на агенцијата „Тренд“, нарачана и финансирана од НОВА, ГЕРБ се победници на парламентарното гласање со 23,5 отсто од гласовите. Второто место е за „Промената продолжува“ (22,5 отсто). Трета е БСП со 14,2 отсто. Следат ДПС (9,6%), „Има таков народ“ (9,5%). „Демократска Бугарија“ (7,3%). Во парламентот влегува и „Преродба“ со 4,1%.