Тешки денови во Јуроњуз – новинарите во штрајк


Новинарите, техничарите и административниот персонал се собираат денеска во 9:30 часот пред седиштетот на телевизиската мрежа Јуроњуз во Лион, Франција, на 24-часовен штрајк, повикувајќи на „реален план“ за иднината на телевизијата, што не вклучува отпуштања или влошена услови за работа. Портпарол на Јуроњуз изјави дека компанијата го почитува правото на вработените да преземат индустриска акција и „ќе продолжи да одржува интензивен дијалог со претставниците на персоналот“.

Меѓународната новинска агенција, која е делумно финансирана од даночни обврзници на ЕУ, се соочи со „тешка ситуација“ како резултат на пандемијата и „како и многу други нејзини конкуренти Јуроњуз мораше да направи низа намалувања на трошоците, кои вклучуваат план за технолошки вишок“, рече портпаролот.