Тензии во Чашка поради паралелката на албански јазик
Тензично беше утрово пред ОУ „Тодор Јанев“ во Чашка меѓу полицијата и родителите што вчера и денес го продолжија протестот, започнат уште во првото полугодие, против, како што велат, „незаконско воведување паралелка на албански јазик во училиштето, незаконско назначување на в.д директорката и незаконски огласи за вработувања“ .
Вчера полицијата се обидела да направи кордон за да влезе в.д.директорката, а денес преку кордон се обиделе да внесат наставници на што присутните се спротиставиле.
Советот на родители бара итна оставка на в.д.директорката Елена Николова и поништување на огласите за вработувања. По оставката, според Пешевска, би разговарале да се најде решение за паралелката со албански јазик.