Кина повеќе не е главен трговски партнер на Германија


Соединетите Американски Држави ја престигнаа Германија во првиот квартал во трговијата со Кина и ја зазедоа позицијата на главен трговски партнер, пресмета Ројтерс врз основа на официјалната статистика. Вредноста на американско-германската трговија достигна 63 милијарди евра во периодот од јануари до март, покажуваат податоците на Дестатис. Кинеско-германската размена изнесува нешто помалку од 60 милијарди евра. …

Кина повеќе не е главен трговски партнер на Германија Read More »

Србија купува девет возови од Кина за ЕКСПО 2027 година


Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија, Горан Весиќ и претседателот на Управниот одбор на кинеската компанија CRRC, Лиу Чанчинг денеска потпишаа Протокол за разбирање и соработка за набавка на девет нови електрични возови за брзини на 120 километри на час. По потпишувањето на документот во Владата на Србија, Весиќ рече дека набавката на …

Србија купува девет возови од Кина за ЕКСПО 2027 година Read More »

Со нож нападнал луѓе во болница во Кина. Двајца загинати, десетици ранети


Најмалку две лица загинаа, а 21 се повредени утринава во напад со нож во болница во југозападната кинеска провинција Јунан, јавија државните медиуми, повикувајќи се на официјални извори. Нападот, опишан од државната новинска агенција Синхуа како „насилен инцидент“, се случил во локална болница во округот Женксионг, објави новинската агенција, додавајќи дека властите собираат повеќе информации. …

Со нож нападнал луѓе во болница во Кина. Двајца загинати, десетици ранети Read More »

Кина лансира сонда која ќе собира примероци од темната страна на Месечината


Кина денеска ќе ја лансира лунарната сонда Чанге-6, соопшти кинеската Национална вселенска администрација. Сондата ќе собира примероци од темната страна на Месечината. Тоа ќе биде прва ваква мисија во историјата на човештвото, јавуваат кинеските медиуми. Во тек се последните подготовки за мисијата, која ќе започне од местото за лансирање Венчанг во кинеската провинција Хејнан.

(Видео) Кина започнува со тестирање на најнапредниот носач на авиони


Кина денеска започна со морски испитувања на својот трет и најнапреден носач на авиони „Фуџијан“, објавија државните медиуми. Почетокот на тестирањето доаѓа речиси две години откако носачот на авиони беше првпат претставен во јуни 2022 година. 🇨🇳China’s First Supercarrier – Fujian – Starts Sea Trials Fujian's advanced features, including electromagnetic catapults and a larger airwing …

(Видео) Кина започнува со тестирање на најнапредниот носач на авиони Read More »

Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 загинати


Најмалку 19 лица загинаа во уривање на коловоз на автопат во јужната кинеска провинција Гуангдонг, јави кинеската државна телевизија CCTV. Вкупно 30 лица исто така се пренесени на лекување во болница откако рано утринава се урна патот. Фотографиите на социјалните мрежи покажуваат дека автопатот минува по падина каде што коловозот делумно се срушил и се …

Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 загинати Read More »

Се урна дел од автопат во јужна Кина, при што загинаа најмалку 19 лица, а 30 се повредени


Најмалку 19 лица загинаа денеска при уривање на дел од автопат на југот на Кина, во провинцијата Гуангдонг, јави кинеската државна телевизија CTV. Дел од патот долг 17,9 метри се урна околу два часот наутро, објавија властите во главниот град на Гуангдонг, Меижоу. „Околу 11:45 часот по локално време, под урнатините (на патот) се пронајдени …

Се урна дел од автопат во јужна Кина, при што загинаа најмалку 19 лица, а 30 се повредени Read More »

Дизел-моторот не е мртов! Кинезите го направија најефикасниот досега


Кинеската компанија Weichai, која произведува мотори за тешка индустрија, работни машини, наутички и други различни намени, објави на Светскиот конгрес за мотори со внатрешно согорување што се одржа во Тијанџин, Кина, дека создале дизел-мотор кој постигнал рекордна вредност на топлинска ефикасност за дизел мотор – поточно 53,09 проценти! За да се постигне ова, нивниот мотор …

Дизел-моторот не е мртов! Кинезите го направија најефикасниот досега Read More »

Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина


 Пет лица загинаа вчера во торнадо во јужната кинеска метропола Гуангжу, јави ДПА.Новинската агенција Синхуа денеска јави дека 33 лица се повредени во невремето. Според официјалните податоци, торнадото предизвикало штета на 141 производствени капацитети, но ниту една станбена зграда не е урната. Tornados in China Too!: Large tornado moved into Guangzhou metropolitan hrs ago, a …

Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина Read More »

Блинкен: Имаме докази дека Кина планира да се меша во претседателските избори во САД


  Американскиот министер за надворешни работи Антони Блинкен даде интервјуа за Би-Би-Си и Си-Ен-Ен во кои остро ја нападна Кина. Блинкен предупреди дека Вашингтон ќе дејствува доколку Кина не престане да ја снабдува Русија со предмети што ги користи за напад на Украина. Блинкен изјави за Си-Ен-Ен дека САД виделе докази дека Кина сака да …

Блинкен: Имаме докази дека Кина планира да се меша во претседателските избори во САД Read More »

Путин најави посета на Кина во мај


Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека планира да ја посети Кина во мај, пренесуваат странските агенции. Патувањето најверојатно ќе биде прва посета на странство во новиот шестгодишен мандат на Путин по изборите во март. Тој последен пат ја посети Кина во октомври 2023 година. Путин потпиша договор за партнерство „без граници“ со кинескиот претседател …

Путин најави посета на Кина во мај Read More »

Кинеските градови тонат поради градежништвото и црпењето вода


Речиси половина од големите градови во Кина тонат поради пумпање вода и зголемената тежина на зградите поради нивното проширување, пишува Би-би-си. Некои градови брзо тонат, а секој шести тоне повеќе од 10 мм годишно. Забрзаната урбанизација во Кина во изминатата деценија значи дека се испумпува повеќе вода за да се задоволат потребите на луѓето, велат …

Кинеските градови тонат поради градежништвото и црпењето вода Read More »

Бајден бара повисоки царини за челикот и алуминиумот од Кина


Американскиот претседател Џо Бајден повика на тројно зголемување на царините за кинескиот челик и алуминиум пред денешното обраќање пред челичарите во Питсбург. Повикот доаѓа откако Канцеларијата на трговскиот претставник на САД (УСТР ) објави дека започнала истрага за трговските практики на Кина во бродоградбата. Во соопштението објавено денеска, Белата куќа рече дека кинеската политика и …

Бајден бара повисоки царини за челикот и алуминиумот од Кина Read More »

„Фолксваген“ ќе инвестира 2,5 милијарди евра во Кина


Германската автомобилска групација „Фолксваген“ најави дека ќе вложи 2,5 милијарди евра во проширување на производствениот погон во градот Хефеј, источна Кина. – Центарот во Хефеј ќе ѝ помогне на компанијата да ги донесе своите технологии на кинескиот пазар за 30 отсто побрзо и да произведува целосно електрични возила. „Фолксваген“ се подготвува да произведе во Кина …

„Фолксваген“ ќе инвестира 2,5 милијарди евра во Кина Read More »

Кина лансираше сателит кој ќе може да комуницира и од оддалечената страна на Месечината


Националната вселенска агенција на Кина денеска соопшти дека лансирањето на нејзиниот клучен сателит за испраќање сигнали било целосен успех и дека тој во наредните години ќе служи како комуникациски мост за идните мисии на Месечината. На 20 март, Кина лансираше поголем сателит и уште два помали сателити, Tианду-1 и Tианду-2. Сателитот ќе се користи за …

Кина лансираше сателит кој ќе може да комуницира и од оддалечената страна на Месечината Read More »

Инфлацијата во Кина и натаму е ниска, во март изнесуваше 0,1 отсто на годишно ниво


Годишната стапка на инфлација во Кина се намали од февруарските 0,7 отсто на 0,1 отсто во март, објави денеска Националното биро за статистика на Кина. Пазарите очекуваа малку повисока мартовска инфлација во Кина од 0,4 отсто на годишно ниво. Цените на храната во Кина се намалија за 2,7 отсто на годишно ниво, додека цените на …

Инфлацијата во Кина и натаму е ниска, во март изнесуваше 0,1 отсто на годишно ниво Read More »

Ји: Кина сака да ја засили стратегиската соработка со Русија


Кина сака да ја зајакне својата стратешка соработка со Русија, изјави кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји на средбата во Пекинг со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. „Кина ќе го поддржи стабилниот развој на Русија под водство на Путин“, рече Ванг Ји. „Пекинг и Москва ќе продолжат да ја зајакнуваат својата стратешка …

Ји: Кина сака да ја засили стратегиската соработка со Русија Read More »

Кина издаде лиценца за првиот патнички електричен авион без екипаж


Цивилно воздухопловство на Кина издаде дозвола за производство на домашниот, беспилотен и електричен, тн. е-ВТОЛ авион со вертикално полетување и слетување, наречен „ЕХ-216-С“ (EH216-S). Сертификатот, издаден од Управата за цивилно воздухопловство, е првата лиценца во светот доделена за производство во оваа индустрија и претставува значаен чекор кон масовно производство на самоуправувачки е-ВТОЛ авиони. „ЕХ-216-С“  е …

Кина издаде лиценца за првиот патнички електричен авион без екипаж Read More »

Пекинг призна дека има економски тешкотии, предвидува раст од пет проценти во 2024 година


Во Пекинг денеска официјално започна годишната седница на кинескиот Парламент, кој за оваа година постави цел за раст од околу пет проценти. Премиерот Ли Кианг ја објави целта за раст на отворањето на годишниот Национален народен конгрес. Ли рече дека економските перформанси на Кина се соочуваат со „тешкотии“ и додаде дека многу од нив „допрва …

Пекинг призна дека има економски тешкотии, предвидува раст од пет проценти во 2024 година Read More »

САД го ограничуваат трансферот на лични податоци на Американците на Кина и Русија


Администрацијата на претседателот Џо Бајден денеска претстави указ за заштита на личните податоци на Американците со ограничување на нивно предавање на Кина, Русија и низа други земји. Според указот, се забранува масовно предавање на геолокациска, биометриска, медицинска и финансиска информација за Американците „во земјите кои предизвикуваат загриженост“. Документот исто така забранува трансфер во тие земји …

САД го ограничуваат трансферот на лични податоци на Американците на Кина и Русија Read More »