Со нож нападнал луѓе во болница во Кина. Двајца загинати, десетици ранети


Најмалку две лица загинаа, а 21 се повредени утринава во напад со нож во болница во југозападната кинеска провинција Јунан, јавија државните медиуми, повикувајќи се на официјални извори.

Нападот, опишан од државната новинска агенција Синхуа како „насилен инцидент“, се случил во локална болница во округот Женксионг, објави новинската агенција, додавајќи дека властите собираат повеќе информации.

Еден осомничен е уапсен
„Повеќе видеа од местото на настанот, исто така, покажуваат дека полицијата го апси осомничениот во блискиот велнес центар“, објави ТВ Гуижоу. Официјални лица сѐ уште не потврдија дали уапсениот е осомничениот напаѓач.

Очевидец интервјуиран од кинескиот државен медиум The Paper рече дека ситуацијата и понатаму е хаотична и властите работат на проценка на ситуацијата.