По Јапонија, тропската бура ја погоди и Јужна Кореја


Силната тропска бура Ханун денеска стигна до југоисточниот брег на Јужна Кореја по еднонеделните обилни дождови кои ги предизвика во јужниот дел на Јапонија. Во Јужна Кореја беа издадени јавни предупредувања, при што се откажани повеќе од 330 летови, а повеќе од десет илјади луѓе се евакуирани. Невремето и донесе на Јужна Кореја врнежи од …

По Јапонија, тропската бура ја погоди и Јужна Кореја Read More »

Откажани летови, евакуирани жители поради тајфун на јапонскиот остров Окинава (Видео)


Летови се откажани, а на десетици илјади луѓе им е советувано да се евакуираат, бидејќи моќниот тајфун Ханун се приближува до островот Окинава, кој се заканува со поројни дождови и силни ветрови. На жителите во дел од тропската префектура им е препорачано да се евакуираат бидејќи бурата, со предвидени налети на ветер до 233 километри …

Откажани летови, евакуирани жители поради тајфун на јапонскиот остров Окинава (Видео) Read More »

Јапонските власти побараа евакуација на стотици илјади жители заради тајфунот Ханун


Јапонските власти денеска побараа од стотици илјади жители на префектурата Окинава, во јужниот дел на земјата, да се евакуираат на безбедно додека се приближува тајфунот Ханун.  Откажани се и стотици летови, јавија француските медиуми. Неколку градови во префектурата Окинава, која опфаќа голем број острови, утринава издадоа изборна наредба за евакуација. Тајфунот Хунан се движи низ …

Јапонските власти побараа евакуација на стотици илјади жители заради тајфунот Ханун Read More »

Отповикан македонскиот амбасадор во Јапонија


Владата го прифати предлогот на министерот за надворешни работи за отповикување на вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Јапонија, по што, претседателот на државата го потпиша указот за отповикување, кој што беше објавен во Службен весник, информираа денеска од МНР. – Согласно законските надлежности и интерните процедури, Комисиjата во рамки на Министерството …

Отповикан македонскиот амбасадор во Јапонија Read More »

Земјава атрактивна за јапонските инвеститори


Северна Македонија нуди атрактивни услови за јапонските инвеститори, особено за компаниите кои работат во делот на ИТ и напредните технологии. Ова го истакна помошникот министер за економија на Јапонија и генерален директор на Директоратот за трговски политики Матсуо Такехико на средбата со директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски во Токио. Деспотовски и Такехико, како што информира …

Земјава атрактивна за јапонските инвеститори Read More »

ЕУ ги укинува ограничувањата за увоз на храна од Јапонија воведени по катастрофата во Фукушима


Европската унија ги укина ограничувањата за увоз на храна од Јапонија, воведени по несреќата во нуклеарната централа Фукушима, барајќи од Токио да објави податоци за можна појава на радиоактивни материи по испуштањето на загадена вода во морето. ЕУ го ограничи увозот во 2011 година, барајќи тестирање на храна пред извоз за можна радиоактивност. Во 2021 …

ЕУ ги укинува ограничувањата за увоз на храна од Јапонија воведени по катастрофата во Фукушима Read More »

(Видео) Експлодира мотор на јапонска вселенска ракета за време на тестирање


 На полигонот на Јапонската агенција за воздушно истражување, вселенски ракетен мотор денеска експлодира за време на тестирањеот, јавија британските медиуми, кои додаваат дека во несреќата нема повредени. „Експлозијата се случи една минута по почетокот на тестот“, изјави неименуван претставник на јапонското Министерство за образование, наука и технологија. На телевизиските снимки се гледа како пламенот избива …

(Видео) Експлодира мотор на јапонска вселенска ракета за време на тестирање Read More »

Најмалку шест жртви во поплави во Јапонија


Обилниот дожд на југозападниот јапонски остров Кјушу предизвика поплави и лизгање на земјиштето во кои загинаа најмалку шест лица, а спасувачите трагаат по тројца исчезнати, соопштија денеска локалните власти. Јапонската метеоролошка агенција ги ублажи специјалните предупредувања за обилни дождови издадени вчера за северните делови на островот, но ги повика жителите да бидат внимателни во случај …

Најмалку шест жртви во поплави во Јапонија Read More »

Отворањето канцеларија за врски во Јапонија можност за зајакнување на НАТО ангажманот во Индо-Пацификот


Сметаме дека отворањето на канцеларија за врски на НАТО во Јапонија, доколку се донесе таква одлука, е конкретен и симболичен напор што го отелотворува ставот на Алијансата за зајакнување на својот ангажман во Индо-Пацификот, вели во интервју за МИА јапонскиот амбасадор, Казуја Оцука, во врска со најавите за отворање на таква канцеларија, која би била …

Отворањето канцеларија за врски во Јапонија можност за зајакнување на НАТО ангажманот во Индо-Пацификот Read More »

Тројца убиени во редок напад со нож и огнено оружје во Јапонија


Три лица загинаа, меѓу кои двајца полицајци, во напад со нож и со огнено оружје во централна Јапонија денеска, пренесува јапoнската јавна радиодифузна компанија НХК, повикувајќи се на полицијата. „Полицијата добила повик во доцните попладневни часови со пријава дека некој маж избодел жена“, изјави претставник на полицијата во градот Накано. Кога полицајците се упатиле на …

Тројца убиени во редок напад со нож и огнено оружје во Јапонија Read More »

Јапонскиот премиер: Нема да влеземе во НАТО


Јапонскиот премиер Фумио Кишида во средата изјави дека неговата земја не планира да стане членка на НАТО, но додаде дека е запознаен со плановите за отворање канцеларија за врски во Јапонија. Кишида ги даде коментарите откако јапонскиот амбасадор во Соединетите држави претходно овој месец рече дека воениот пакт предводен од САД планира да отвори канцеларија …

Јапонскиот премиер: Нема да влеземе во НАТО Read More »

Јапонија ѝ испраќа на Украина околу 100 воени возила и 30.000 пакети со храна


Јапонскиот премиер Фумио Кишида изјави дека Јапонија ќе испрати околу 100 воени возила и околу 30.000 пакети со храна во Украина.   За време на средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски на маргините на самитот на Г7 во Хирошима, тој исто така рече дека Јапонија може да прими ранети украински војници, објави „Киев Индипендент“.   …

Јапонија ѝ испраќа на Украина околу 100 воени возила и 30.000 пакети со храна Read More »

Во Јапонија едвај постои еднаквост меѓу жените и мажите


  Речиси 80 отсто од луѓето во Јапонија веруваат дека општеството во таа азиска земја ги фаворизира мажите пред жените. Ова е резултат на истражувањето спроведено од владата во Токио. Само 14,7 отсто од жителите веруваат дека жените во Јапонија се третирани подеднакво. Студијата ја истакнува големата нееднаквост меѓу половите во сите области – од …

Во Јапонија едвај постои еднаквост меѓу жените и мажите Read More »

Протече видео од обидот за атентат врз јапонскиот премиер: Телохранителите на висина на задачата


На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа моментот когаврз јапонскиот премиер Фумио Кишида изврѓен е обид за атентат, за време на неговиот престој во градот Вакајама. На видеото може да се види како се фрла некаква експлозивна направа кон Кишида, која еден од неговите обезбедувачи најпрво ја запира со актовка, а потоа …

Протече видео од обидот за атентат врз јапонскиот премиер: Телохранителите на висина на задачата Read More »

Јапонија добива нешто што никогаш досега го немала – казино


Јапонија денеска го одобри планот за изградба на првото казино во земјата во Осака, на западот од земјата. Ова го отвори патот за изградба на одморалиште во вредност од 1,8 трилиони јени (13,5 милијарди долари), кое треба да биде отворено во 2029 година, со цел да се привлечат домашни и меѓународни посетители. Џиновскиот комплекс во …

Јапонија добива нешто што никогаш досега го немала – казино Read More »

Исчезна јапонски воен хеликоптер со 10 лица, во тек е потрага


Јапонски воен хеликоптер со 10 лица исчезна денеска во водите во близина на јужната префектура Окинава, соопшти крајбрежната стража. Повеќенаменски хеликоптер UH-60 на Јапонските копнени сили за самоодбрана (GSDF) исчезна од радарот околу 16:40 часот, на околу 18 километри северозападно од аеродромот на островот Мијако во префектурата Окинава, соопшти крајбрежната стража, пренесе Кјодо. Крајбрежната стража …

Исчезна јапонски воен хеликоптер со 10 лица, во тек е потрага Read More »

Јапонија го забрани извозот на челик, алуминиум и авиони во Русија


Јапонија го забрани извозот на челик, алуминиум и авиони, вклучително и беспилотни летала, во Русија како дел од најновите санкции против Москва поради нејзината инвазија на Украина, соопшти денеска јапонското Министерство за трговија, пренесува Танјуг. Министерството соопшти дека мерката исто така им забранува на јапонските компании да извезуваат широк спектар на индустриски производи во Русија, …

Јапонија го забрани извозот на челик, алуминиум и авиони во Русија Read More »

Борба против падот на наталитетот: Јапонската влада го поттикнува татковското отсуство


Дете кое седи на рамениците на својот татко и се смешка за време на прошетка во парк е типична слика за јапонскиот икумен, термин што ги комбинира јапонските зборови ikuji, што значи грижа за децата, и ikemen, што се однесува на кул мажи, пишува агенцијата Кјодо. Јапонските власти широко го промовираа овој термин во текот …

Борба против падот на наталитетот: Јапонската влада го поттикнува татковското отсуство Read More »

Земјотрес со јачина од 6,1 според Рихтер во Јапонија


Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Јапонија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC). Земјотресот се случил во морето, во близина на градот Куширо на најсеверниот остров Хокаидо, соопшти јапонската метеоролошка служба. #Earthquake (#地震) confirmed by seismic data.⚠Preliminary info: M6.0 || 70 km S of #Nemuro (#Japan) || 6 min …

Земјотрес со јачина од 6,1 според Рихтер во Јапонија Read More »

Поради снег во Јапонија откажани 100 летови, блокирани се патишта, возовите доцнат


  Поради обилен снег во поголемиот дел од Јапонија, откажани се 100 летови и блокирани се десетици патишта, додека нарушен е и железничкиот сообраќај, објавија јапонските власти од авионските и железничката компанија. Домашните авиокомпании, меѓу кои и АНА, Japan Airlines и други откажаа вкупно 100 летови поради снегот, објави јапонското минтсерство за сообраќај. Делови од …

Поради снег во Јапонија откажани 100 летови, блокирани се патишта, возовите доцнат Read More »