Поради снег во Јапонија откажани 100 летови, блокирани се патишта, возовите доцнат


Снежни коридори во градот Ниигата (Фото: АП)

 

Поради обилен снег во поголемиот дел од Јапонија, откажани се 100 летови и блокирани се десетици патишта, додека нарушен е и железничкиот сообраќај, објавија јапонските власти од авионските и железничката компанија.

Домашните авиокомпании, меѓу кои и АНА, Japan Airlines и други откажаа вкупно 100 летови поради снегот, објави јапонското минтсерство за сообраќај. Делови од 31 автопат се затоврени во средишна и источна Јапонија, додека 54 излези на токискиот брз пат се блокирани.

Проблеми со возовите, доцнат доставите

Суспендиран е и железничкиот сообраќај на повече од десетина рути во средишна и источна Јапонија или пак тоа се планира да се направи наскоро.

Источнојапонската железница, најголемиот железнички оператор во земјата, вели дека брзата линија меѓу Токио и североисточната префектура Јамагата же биде во прекин до доцна во петок.

Најголемите компании кои се занимаваат со достава, како „Јамато транспорт“ и „Сагава експрес“, порачуваат дека може да доцнат со достава на производите до сабота.