„Тесла“ повлекува над 80.000 возила во Кина


Производителот на електрични возила „Тесла“ повлекува повеќе од 80.000 автомобили, поради проблеми со софтверот и безбедносните појаси, потврдија кинеските пазарно-регулаторни власти денеска. Производителот на електромобили со седиште во САД, повлече 67.698 автомобили „Модел С“ и „Модел Икс“ увезени во Кина меѓу 25 септември 2013 и 21 ноември 2020 година, поради софтверски проблеми што влијаат на …

„Тесла“ повлекува над 80.000 возила во Кина Read More »

За гаснење на Tesla Model S пожарникари потрошиле 45.425 литри вода


Откако во Пенсилванија на автопат се запалил електричен Tesla Model S, пожарникарите морале да употребат огромна количина вода за да го изгаснат пожарот. Инцидентот се случил во централна Пенсилванија откако долниот дел на автомобилот удрил во нешто на автопатот. Откако се појавил чад, возачот го запрел возилото и со другите двајца патници од автомобилот излегол …

За гаснење на Tesla Model S пожарникари потрошиле 45.425 литри вода Read More »

Фабрика Тесла во близина на Берлин соопшти дека двојно го зголемила производството на возила


Американскиот производител на електрични автомобили Тесла го удвои нивото на производство во својата европска фабрика во последните неколку месеци, за да достигне 2.000 модели Y неделно, соопшти компанијата. Сепак, Тесла е сè уште далеку од својата цел – да произведува 500.000 електрични автомобили годишно во оваа фабрика. – Во зголемувањето на производството, Giga Berlin достигна …

Фабрика Тесла во близина на Берлин соопшти дека двојно го зголемила производството на возила Read More »

„Тесла“: Резултатите под очекувањата на инвеститорите, акциите тонат


Гигантот за електрични автомобили „Тесла“ ја објави својата заработка во третиот квартал по затворањето на тргувањето на Волстрит во средата. Резултатите се под очекувањата на аналитичарите во однос на приходите, но малку подобри од очекувањата во однос на заработката. Еве ги најважните бројки од извештајот: Приходи во третиот квартал: 21,45 милијарди долари наспроти очекуваните 22,09 …

„Тесла“: Резултатите под очекувањата на инвеститорите, акциите тонат Read More »

Тесла повлекува повеќе од милион возила поради софтверски дефект и ризик од повреда


Tesla повлече повеќе од милион свои возила во Америка поради софтверски дефект. Имено, дошло до грешка во системот за автоматско спуштање на прозорците, што може да доведе до тоа возилото да не открие пречка, пишува Reuters. Системот за автоматско спуштање на прозорците работи така што спречува повреда на патниците во возилото – со запирање на …

Тесла повлекува повеќе од милион возила поради софтверски дефект и ризик од повреда Read More »

Маск продаде акции на „Тесла“ за 6,9 милијарди долари


Американскиот милијардер Илон Маск продаде акции на „Тесла“ за 6,9 милијарди долари, што е најголема продажба досега. Тоа е со цел, како што тој тврди, да се избегне продажба на акции на производителот на електрични возила во последен момент, во случај да биде принуден да го продолжи договорот за купување на Твитер. Главниот извршен директор …

Маск продаде акции на „Тесла“ за 6,9 милијарди долари Read More »

Рекордно производство на „Тесла“


Компанијата „Тесла“ вчера објави дека во јуни го достигнала највисокото ниво на производство во историјата, иако вкупно во првиот квартал е намалено за 15,3 отсто на 258.580 возила. Во исто време, испорачани се 254.695 возила и покрај проблемите со синџирот на снабдување и затворањето на фабриките. Затворањето во Шангај поради Ковид-19 предизвика пад на испораките …

Рекордно производство на „Тесла“ Read More »

„Тесла“ може да повлече 830.000 возила: Автопилотот се исклучува сам секунда пред несреќа


Американските власти ја прошируваат истрагата над возилата „Тесла“. Имено, оваа недела Националната управа за безбедност во патниот сообраќај (NHTSA), агенција под водство на министерот за сообраќај Пит Батугеџи, вели дека ќе испита 830.000 автомобили на „Тесла“ од сите четири модели, што е 11 отсто повеќе од сите возила кои претходно ги испитуваа. Овој потег следи …

„Тесла“ може да повлече 830.000 возила: Автопилотот се исклучува сам секунда пред несреќа Read More »

Маск до вработените во „Тесла“: Вратете се во канцелариите или напуштете ја фирмата


Извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск, побара од вработените да се вратат во канцелариите или да ја напуштат компанијата, се вели во е-поштата што ја испратил до вработените, а до кои Ројтерс имал пристап. „Сите вработени во ‘Тесла’ мора да поминуваат најмалку 40 часа неделно во канцеларија“, напиша Илон Маск во е-поштата што ја испрати …

Маск до вработените во „Тесла“: Вратете се во канцелариите или напуштете ја фирмата Read More »

„Тесла“ може да се врати на нормално производство во Шангај до средината на мај


Американскиот производител на електрични автомобили „Тесла“ очекува да продолжи со производството во Шангај до средината на мај по големиот пад предизвикан од блокадата на метрополата, објави денеска локалното деловно издание „Јикаи Глобал“. „Тесла“ беше принудена да ја затвори фабриката во Шангај на 28 март. На 19 април, производството продолжи, но во обем кој сè уште …

„Тесла“ може да се врати на нормално производство во Шангај до средината на мај Read More »

Првата европска фабрика за електромобили на „Тесла“ отворена близу Берлин


 „Тесла“ денеска ја отвора својата нова фабрика за електрични автомобили во околината на Берлин. На свеченоста, Илон Маск се очекува да им ги предаде првите возила „Модел ипсилон“ на нарачателите. Се очекува на настанот да присуствуваат и германскиот канцелар Олаф Шолц и министерот за економија, Роберт Хабек. Таканаречената „Гигафактори“ (Gigafactory), сместена во руралната покраина Бранденбург, …

Првата европска фабрика за електромобили на „Тесла“ отворена близу Берлин Read More »

Маск: „Тесла” и „Спејс-Икс“ под силен инфлациски притисок


Извршниот директор на „Тесла инк“, Илон Маск, соопшти дека американскиот производител на електрични автомобили и неговата ракетна компанија „Спејс-Икс“ се соочуваат со значителни инфлациски притисоци врз суровините и логистиката. На Твитер, Маск ја сподели загриженоста за изгледите за брза инфлација и рече дека неговите компании „не се сами во тешкотиите“, цитирајќи напис во кој се …

Маск: „Тесла” и „Спејс-Икс“ под силен инфлациски притисок Read More »

Се гледаме во читанката


Хрватскиот колега Анто Томиќ пред една недела напиша возбудлива репортажа во „Јутарњи лист“ за киднапирањето на хрватскиот државјанин И.Г., кое се случило во сувиот центар на Загреб среде бел ден. „Околу седумнаесет и триесет бели комбиња со реклама за електричар, кои подоцна ќе бидат пронајдени украдени неколку дена порано во Велика Горица, застанале на Зелени …

Се гледаме во читанката Read More »

„Тесла“ повлекува речиси 579.000 автомобили во САД поради слаб звук на алармот за пешаци


„Тесла“ повлекува 578.607 автомобили во САД затоа што пешаците можеби не се свесни дека возилото им се приближува доколку алармот што на тоа ги предупредува е премногу тивок, соопшти денеска американскиот регулатор. Според одлуките на Националната управа за безбедност на патиштата (НХТСА), „Тесла“ во последните четири месеци дури десет пати повлекувала одреден број возила. Производителот …

„Тесла“ повлекува речиси 579.000 автомобили во САД поради слаб звук на алармот за пешаци Read More »

„Панасоник“ инвестира 700 милиони долари во производство на батерии за „Тесла“


Јапонската компанија „Панасоник“ ќе започне со производство на нови литиум-јонски батерии наменети за „Тесла“ веќе во 2023 година, планирајќи да инвестира околу 80 милијарди јени (705 милиони долари) во фабрики во Јапонија, објави денеска јапонскиот бизнис портал Никеи.   Литиум-јонските батерии за полнење би можеле да помогнат електричните возила (ЕВ) да бидат попривлечни за возачите …

„Панасоник“ инвестира 700 милиони долари во производство на батерии за „Тесла“ Read More »

Бе-ем-ве на тронот: Најпродаван во САД и во светот


„Бе-ем-ве“ за 2021 година заврши како најголем производител на премиум автомобили на светот. „Бе-м-ве“ и „Мерцедес“ веќе со децении водат битка за тронот мешу премиум производителите. Ова натпреварување е особено важно на американско тло, а минатата година за најпродаван премиум производител во САД прогласен е токму „Бе-ем-ве“. Баварците 2021 година ја завршија со 336.644 испорачани …

Бе-ем-ве на тронот: Најпродаван во САД и во светот Read More »

Компанија која ја надмина „Тесла“ – нејзините акции пораснаа најмногу во 2021


Компанијата „Форд“ ја надмина „Тесла“ – нејзините акции имаа најголем пораст во автомобилската индустрија во 2021 година. Иако „Тесла“ беше во центарот на вниманието на јавноста, акциите на Ford Motors пораснаа за околу 140 отсто минатата година, победувајќи ги оние на Tesla, неговиот ривал General Motors и мноштвото стартери на електрични возила. Инвеститорите го наградија …

Компанија која ја надмина „Тесла“ – нејзините акции пораснаа најмногу во 2021 Read More »

„Тесла“ лани продаде повеќе автомобили отколку што произведе


  Производителот на електрични возила, компанијата „Тесла“ продаде повеќе автомобили во рекордна 2021 година отколку што произведе, покажуваат податоците објавени во неделата. „Тесла“ продаде 936.172 електрични возила минатата година, што е речиси двојно повеќе од претходниот рекорд од 2020 година од 499.647 единици. Во последниот квартал од минатата година на клиентите им беа испорачани 308.600 …

„Тесла“ лани продаде повеќе автомобили отколку што произведе Read More »

Илон Маск продаде акции на „Тесла“ за уште една милијарда долари


Извршниот директор на Тесла, Илон Маск, продаде уште 934.090 акции, или околу 1,02 милијарди долари сопственички удел во компанијата за електрични автомобили и неговата компанија која се занимава со соларна енергија, покажуваат финансиските податоци објавени доцна синоќа на Волстрит. Во исто време, Маск ги искористи опциите за купување на скоро 1,6 милиони акции на Тесла по фиксна …

Илон Маск продаде акции на „Тесла“ за уште една милијарда долари Read More »

„Тесла“ се соочува со тужба од инвеститори поради твитовите на Маск


Компанијата „Тесла“ (Tesla Inc) е тужена поради објавите на социјалните мрежи на извршниот директор Илон Маск, вклучително и неговата анкета на Твитер за продажба на дел од неговиот удел, што ги намали цените на акциите на производителот на електрични автомобили. Инвеститорот во „Тесла“, Дејвид Вагнер, побара пристап до внатрешните документи за да се испита дали …

„Тесла“ се соочува со тужба од инвеститори поради твитовите на Маск Read More »