„Тесла“ може да повлече 830.000 возила: Автопилотот се исклучува сам секунда пред несреќа


Американските власти ја прошируваат истрагата над возилата „Тесла“. Имено, оваа недела Националната управа за безбедност во патниот сообраќај (NHTSA), агенција под водство на министерот за сообраќај Пит Батугеџи, вели дека ќе испита 830.000 автомобили на „Тесла“ од сите четири модели, што е 11 отсто повеќе од сите возила кои претходно ги испитуваа.

Овој потег следи откако агенцијата анализирала бројни несреќи кои ги открија обрасците во перформансите на автомобилите и поврзани со однесувањето на возачите. Од агенцијата велат дека целта е да се истражи степенот до кој автопилотот и поврзаните системи на „Тесла“ може да ги влошат човечките фактори или сигурносните ризици на однесување поткопувајќи ја делотворноста на надзорот на возачот.

Автопилотот се гаси секунда пред несреќата?

Сега од NHTSA велат декаво 16 одделни случаи откриено е дека автопилотот ја прекинал контролата над возилото помалку од една секунда пред вистинскиот судар, сугерирајќи дека возачот не бил подготвен да ја преземе контролата над возилото.

Како што наведува Car And Driver, според видеоснимките на овие несреќи возачот требало да биде свесен за потенцијалниот инцидент просечно осум секунди пред сударот. Со истрага досега е утврдено дека повеќето возачи ги држеле рацете на воланот, како што автопилотот бара, но возилата не ги предупредиле возачите да преземат акција за избегнување на сударот навреме.

NHTSA соопшти дека во моментот истражува повеќе од 1.100 други несреќи кои се случиле, а во кои бил вклученавтопилот.

Извршниот директор Елон Маск цело време тврди дека несреќите не можат да бидат по вина на компанијата затоа што податоците од компјутерот секогаш покжауваат дека автопилотот не бил активен во моментот на сударот.

Сите автономни возила на „Тесла“, вклучувајќи ја и технологијата Full Self-Driving, која во моментот е на бета тестирање, се сметаат за системи за помош во кои во секој момент одговорен е исклучиво возачот, а не производителот.

Но, што ако автопилотот сам се исклучи секунда пред несреќата?

Како што пишува Fortune, поради оваа најнова истрага можно е да се повлечат повеќе илјади „тесли“ од улиците.

Секое повлекување кое ќе го нареди NHTSA според законот мора службено да се надгледува и да биде координирано со властите.

Првобитно истрагата почна лани, откако NHTSA прими повеќе од 350 поплаки од возачи на ткн. „фантомско кочење“ на автомобилот, односно неочекувана и непотребна активација на кочниците за време на активен асистент во возењето.

Имено, во некои случаи кога ситуацијата на патот била вообичаена, односно немало никакви проблеми, метеж или сообраќајни знаци, ни потенцијално опасни ситуации, возилата на „Тесла“ во кои бил активиран автопилот, само кочеле, без интервенција на возачот.

Такво нагло и неочекувано кочење може да направи големи проблеми во сообраќајот, особено за лицата кои управуваат автомобили зад „тесла“ возилата кои ненадејно кочат.

„Тесла“ лани најави повлекување на 475.000 возила

Од „Тесла“ кон крајот на ланската година најавија дека повлекуваат 475 илјади возила „модел 3“ и „модел ес“ за да го решат проблемот со ретровизорите односно камерата на нив и со хаубата кои ги зголемуваат ризикот од судар.

Бепе најавено дека поради овој проблем со задната камера ќе повлечат 356.309 возила од „модел 3“, произведени меѓу 2017 и 2020 година, и 119.000 од „модел ес“ поради проблеми со хаубата.