„Тесла“ лани продаде повеќе автомобили отколку што произведе


 

Производителот на електрични возила, компанијата „Тесла“ продаде повеќе автомобили во рекордна 2021 година отколку што произведе, покажуваат податоците објавени во неделата.
„Тесла“ продаде 936.172 електрични возила минатата година, што е речиси двојно повеќе од претходниот рекорд од 2020 година од 499.647 единици.

Во последниот квартал од минатата година на клиентите им беа испорачани 308.600 електрични возила, што е речиси една третина од вкупниот број за минатата година. Како резултат на тоа, компанијата можеше да продаде повеќе автомобили отколку што произведе за една година (930.422 единици), пренесува порталот Сеебиз.

„Тесла“ е основана од американскиот претприемач Илон Маск во 2003 година. Седиштето е во американскиот град Пало Алто во Калифорнија. На почетокот, компанијата се специјализираше исклучиво за производство на електрични возила, а подоцна се вклучи во производството на соларни панели и други системи за складирање на енергија.