Бе-ем-ве на тронот: Најпродаван во САД и во светот


„Бе-ем-ве“ за 2021 година заврши како најголем производител на премиум автомобили на светот.

„Бе-м-ве“ и „Мерцедес“ веќе со децении водат битка за тронот мешу премиум производителите.

Ова натпреварување е особено важно на американско тло, а минатата година за најпродаван премиум производител во САД прогласен е токму „Бе-ем-ве“.

Баварците 2021 година ја завршија со 336.644 испорачани возила во САД, што е за 21 отсто повеќе од 2020 година и речиси на нивото од 2019 година.

Со оглед на тоа што во САД „Тесла“ се води како премиум производтел, со што оваа компанија изби на второ место со 313.400 продадени автомобили на американско тло.

Третата позиција ја зазеде јапонски „Лексус“, со 304.475 испорачани автомобили, а на четврто место е „Мерцедес“ со 276.102 продадени возила.

„Ауди“ е петти со 196.038 испорачани возила.

„Бе-ем-ве3 со титула најпопуларен премиум производител се закити и на светско ниво.

Во светот Баварците успеаја да продадат рекордни 2,2 милиони возила. „Мерцедес“ е втор со 2,05 милиони испораки, со пад од 5 отсто на годишно ниво.