Нови студентски стипендии во академската 2022-2023 година


Конкурсот за студентски стипендии на Министерството за образование и наука за академската 2022-2023 година, покрај сите досегашни ќе понуди и две нови категории на стипендии кои се резултат на информациите за недостиг на кадар во одредени области.  Едната категорија ќе биде наменета за студентите запишани додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните високообразовни …

Нови студентски стипендии во академската 2022-2023 година Read More »

На возраст од 100 години почина поранешниот мексикански претседател Ечеверија


Поранешниот мексикански претседател Луис Ечеверија, кој ја презеде функцијата во 1970 година ветувајќи дека ќе ја отвори земјата демократски, но во реалноста неговиот мандат беше обележан со шест години од таканаречената „валкана војна“ против дисидентите, почина на возраст од 100 години. Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор ја потврди смртта на Твитер во саботата и …

На возраст од 100 години почина поранешниот мексикански претседател Ечеверија Read More »

ДЗС: Лани запишани 51.510 студенти


Во академската 2021/2022 година во државава се запишале вкупно 51 510 студенти, што претставува зголемување за 1,2 проценти во однос на претходната академска година. Бројот на запишани студентки е 29.823 или 57,9 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Најголем број студенти (82,6 проценти) се запишале на државните високообразовни установи, додека 16,8 проценти се запишале …

ДЗС: Лани запишани 51.510 студенти Read More »

Изложба „Архитектурата на новата реалност“ во галерија КО-РА


Изложба на студентски проекти насловена „Архитектурата на новата реалност“ е отворена од вчера во галерија КО-РА во Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје. На изложбата се претставени бројни дипломски и магистерски проекти на студентите и постдипломците- магистранти од Факултетот за архитектура на МИТ Универзитетот од Скопје. Изложбата ја прогласи за отворена деканот на Факултетот …

Изложба „Архитектурата на новата реалност“ во галерија КО-РА Read More »

Лани дипломирале 7 753 студенти, за 12.2 отсто повеќе од 2020 година


 Во 2021 година дипломирале 7 753 студенти на додипломски студии на високите стручни школи и на факултетите во земјава, што претставува зголемување за 12.2 отсто во споредба со 2020, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Од вкупниот број дипломирани студенти, 6 528, односно 84.2 отсто се редовни, а 1 225, односно 15.8 проценти се …

Лани дипломирале 7 753 студенти, за 12.2 отсто повеќе од 2020 година Read More »

Конференција Science@FEIT: Студентите имаат голема желба за збогатување на знаењето


Студентите на Факултетот за електротехника и информациски технологии денеска го организираа второто издание на конференцијата Science@FEIT, посветена на промовирање на научно-истражувачката дејност кај студентите преку демонстрација на интересни и применливи истражувања, трудови и дискусии од реномирани научници, професори и ФЕИТ алумни. Организатор на конференцијата е Факултетското студентско собрание при ФЕИТ. Според Вера Палевска, претседател на …

Конференција Science@FEIT: Студентите имаат голема желба за збогатување на знаењето Read More »

Бесплатната Академија на Инфинум со програма за развој на мобилни апликации првпат во нашата земја


Скопје првпат ќе биде домаќин на петнеделната бесплатна едукативна програма наменета за студенти, кои сакаат да научат како да креираат апликации за паметни телефони. За да се квалификуваат на Инфинум академијата, апликантите треба да поминат приемен испит, а пријавувањата се до 15 мај. – Ја основавме Инфинум академијата со мисија да им помогнеме на студентите …

Бесплатната Академија на Инфинум со програма за развој на мобилни апликации првпат во нашата земја Read More »

Машини за рециклирање поставени во трите студентски дома во Скопје


  Студентите во трите студентски дома во Скопје, ќе може со помош на својата студентска картичка да рециклираат пластика, а за таа цел во домовите распоредени се шест машини за рециклирање. Директорот на Државниот студенстски дом „Скопје“, Виктор Велевски, денеска презентираше како се користат вендинг-машините. Со покажување на картичката студентот, става шише во отворорт, а …

Машини за рециклирање поставени во трите студентски дома во Скопје Read More »

Данска ги укина стипендиите за студирање во Русија и во Белорусија


Данските студенти кои студираат во Русија или во Белорусија повеќе нема да имаат право на дански државни стипендии, одлучи денеска парламентот во Копенхаген. Според данскиот закон, граѓаните на таа земја имаат право на финансиска поддршка за време на нивните студии, без разлика каде се школуваат. Смислата на тој систем е да им се овозможи на …

Данска ги укина стипендиите за студирање во Русија и во Белорусија Read More »

Шаќири: Ги поддржуваме студентите за мобилност и вмрежување во Европската студентска унија


Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска имаше средба со студенти – претставници од Државното студентско собрание и од Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на која истакна дека МОН е посветено на континуирано унапредување на студентскиот стандард како важен предуслов за квалитетно високо образование. -Доколку студентите имаат помалку финансиски грижи во …

Шаќири: Ги поддржуваме студентите за мобилност и вмрежување во Европската студентска унија Read More »

Скандал во Шкотска – спорен е и Хемингвеј, имало „експлицитни сцени“


Едно од светските класици, ремек-делото на Ернест Хемингвеј „Старецот и морето“, е приказна за херојската борба на човекот против стихијата и неретко се толкува како метафора за животот, но денес е жртва на, во најмала рака, сомнителните морални стандарди. За овој роман Хемингвеј во 1952 година освои „Пулицер“, а во 1954 година Нобелова награда, пишува …

Скандал во Шкотска – спорен е и Хемингвеј, имало „експлицитни сцени“ Read More »

Истражување на МОФ: 30 проценти од студентите биле жртви на дискриминација


Триесет проценти од студентите на универзитетите во земјава биле жртви на дискриминација, покажува Истражувањето „Вовед во студентската дискриминација“ што го спроведе Младинскиот образовен форум (МОФ). Како најчеста причина за дискриминација студентите го навеле натпросечното знаење и оценките. Најдискриминирани се студентите кои се изјасниле како геј во истражувањето, односно 43,5 посто. Податоците покажуваат дека студентите од …

Истражување на МОФ: 30 проценти од студентите биле жртви на дискриминација Read More »

Формалниот образовен процес не учи на вештини за претприемништво


Формалниот образовен процес не им нуди на младите соодветна можност за стекнување на знаења и вештини за претприемништво, а постои и јасен недостаток на практично и искуствено учење, како и учење за тимска работа. Самото образование пак, игра пасивна и маргинална улога во идеолошките ставови. Ова се клучните наоди од истражувањата на Младинскиот образовен форум …

Формалниот образовен процес не учи на вештини за претприемништво Read More »

Студентите иницираат помасовна вакцинација, секој ден отворен пунктот на УКИМ


Министерот за здравство Беким Сали денеска се вакцинираше со трета доза вакцина на „Фајзер“ против коронавирус на вакциналниот пункт на Економскиот факултет во Скопје, во рамки на заедничката акција со студентите на Медицински, Стоматолошки и Фармацевтски факултет. Тој упати порака дека вакцинацијата е најдобриот начин за заштита на здравјето на населението. – Денеска ја примив …

Студентите иницираат помасовна вакцинација, секој ден отворен пунктот на УКИМ Read More »

Студентите до крајот на февруари може да се возат со ЈСП со незаверен билет


Студентите кои имаат годишен билет за бесплатно користење јавен превоз имаат право до крајот на февруари да се возат во автобусите и со непродолжен/незаверен билет за тековнава година, соопшти Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“. – ЈСП Скопје во случајов излезе во пресрет на барањето на Универзитетско студентско собрание при УКИМ, кое неодамна побара продолжување на рокот …

Студентите до крајот на февруари може да се возат со ЈСП со незаверен билет Read More »

Ни еден студент не пријавил корупција – страв или незнаење?


На УКИМ-Скопје една и пол година, а на УГД-Штип четири години ниеден студент не пријавил корупција. Студентите не ја пријавуваат зашто или ја сметаат за нормална појава или не знаат каде и како да ја пријават или зашто се плашат од одмазда и се правно несигурни и немаат доверба дека ќе бидат заштитени од системот. …

Ни еден студент не пријавил корупција – страв или незнаење? Read More »

Студенти на Факултетот за туризам во Охрид освоија Гран при и пет медали на 18. Меѓународен гастрономски натпревар во Истанбул


Тимот студенти на насоката Гастрономија од Факултетот за туризам и угостителство-Охрид забележа голем успех на XVIII Меѓународен гастрономски натпревар во Истанбул, Република Турција освојувајќи Гран при награда и пет медали, од кои две златни, една сребрена и три бронзени медали во индивидуална категорија. Екипата студенти од ФТУ-Охрид, ја сочинуваа Христијан Јорданоски, Роберт Тодорчев и Стефан …

Студенти на Факултетот за туризам во Охрид освоија Гран при и пет медали на 18. Меѓународен гастрономски натпревар во Истанбул Read More »

Студентски митинг против медиумската пропаганда и лажните вести


На платото на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска ќе биде организиран студентски митинг под мотото „Не биди медиумска мета“ на кој ќе говорат студентите. Тие ќе испратат пораки против пропагандата, агресивното потрошувачко општество, отуѓувањето, рекламното тероризирање, жртвите на видеоигрите, лажните вести, агресивниот маркетинг, медиумскиот хаос во Република Македонија. – Митингот е со цел да …

Студентски митинг против медиумската пропаганда и лажните вести Read More »

Ќе има ли утре парно греење и топла вода во „Стив“?


Дел од студентите сместени студентскиот дом „Стив Наумов“ вчера имаа средба со директорот на Државниот студентски центар – Скопје, Дарио Николовски, кому му ги раскажале проблемите со кои се соочуваат изминативе десетина дена – тоа што немаат парно греење во објектите и немаат топла вода во првата зграда. Ивана Ѓорѓиева, која веќе четири години престојува …

Ќе има ли утре парно греење и топла вода во „Стив“? Read More »

Ректорот Јанкуловски за „Независен весник“: УКИМ е подготвен за нови дострели


Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ има кадровски потенцијали за да го добие заслуженото место меѓу 500. универзитети на Шангајската листа. Меѓутоа, за да се објави труд во реномирано научно списание во светот, се потребни средства. Државата треба да издвојува повеќе пари за наука, а Универзитетот има кадровски потенцијал за научно-истражувачка работа. Како установа се залагаме …

Ректорот Јанкуловски за „Независен весник“: УКИМ е подготвен за нови дострели Read More »