Борел го осуди насилството на демонстрациите во Брисел против здравствената ковид-пропусница


Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, го осуди „безумното уништување и насилство“ на вчерашните демонстрациите против здравствената ковид-пропусница во Брисел на кои, меѓу другото, беше нападната и зградата на Европската унија. Во порака на Твитер, Борел се заблагодари и на белгиската федерална полиција за нивните акции за совладување на насилните …

Борел го осуди насилството на демонстрациите во Брисел против здравствената ковид-пропусница Read More »

„Ќе го нервираме Макрон“ – антиваксерите во Франција повторно на протести


Во Франција денеска се одржаа протести против задолжителната имунизација и владините мерки, критикувајќи ја намерата на претседателот Емануел Макрон да ги заостри ограничувањата за оние кои одбиваат вакцини против Ковид. Макрон оваа недела рече дека сака да ги „изнервира невакцинираните“ така што ќе им го комплицира животот толку многу што на крајот ќе бидат принудени …

„Ќе го нервираме Макрон“ – антиваксерите во Франција повторно на протести Read More »

Чилеанците протестираат против договорот за експлоатација на литиум


Чилеанците излегоа на улиците во петокот за да протестираат против владиниот план да продаде договор за екстракција на литиум, што ја оживува дебатата за национализација на овој ресурс додека новиот левичарски претседател се подготвува да ја преземе функцијата, јави АФП. Опозицијата повика на протести под транспарентот: „Да го вратиме нашиот ресурс“. Опозициските пратеници покренаа судска …

Чилеанците протестираат против договорот за експлоатација на литиум Read More »

Уапсените во немирите во Казахстан може да се соочат и со доживотни затворски казни


Казахстанското Државно јавно обвинителство отворило предмети за масовните немири во земјата, а истрагата е проширена и за терористички активнисти, јави ТВ каналот „24 Хабар“. „Главното обвинителство на Казахстан отвори кривични предмети за организирање и учество во немири, а почната е и предистражна истрага за терористички акти“, соопшти телевизискиот канал. Како дел од истрагата формирана е …

Уапсените во немирите во Казахстан може да се соочат и со доживотни затворски казни Read More »

Ново насилство во Казахстан, војската пука врз демонстрантите на плоштадот во Алмати


Во главниот град на Казахстан, Алмати, денеска избувна ново насилство откако Русија во текот на изминатата ноќ испрати падобранци во обид да се задуши граѓанскиот бунт во оваа поранешна советска република. Очевидци за британските медиуми изјавија дека во пукотницата има повредени. Истите извори велат дека кон плоштадот се движат воени возила. -Војниците пукаат во демонстрантите …

Ново насилство во Казахстан, војската пука врз демонстрантите на плоштадот во Алмати Read More »

Владата во Казахстан ограничува за шест месеци поскапување на горивата во обид да ги смири протестите


Казахстанските власти денеска поставија ограничувања за цената на горивото за шест месеци, откако новогодишното зголемување на цените предизвика протести што се претворија во масовни немири. Демонстрации има низ централноазиската држава од 19 милиони жители оваа недела во знак на бес поради зголемувањето на цената на течниот нафтен гас (ТНГ), што нашироко се користи за гориво …

Владата во Казахстан ограничува за шест месеци поскапување на горивата во обид да ги смири протестите Read More »

Владата на Казахстан поднесе оставка по протестите заради цената на горивата


  Казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев денеска ја прифати оставката на владата, соопшти неговиот кабинет по протестите против владата, предизвикани од зголемувањето на цените на горивото, а во кои беа повредени речиси стотина полицајци. Полицијата со солзавец и шок бомби доцна синоќа упадна на протест при што од плоштад во Алмати протера стотици демонстранти, а немирите …

Владата на Казахстан поднесе оставка по протестите заради цената на горивата Read More »

Казахстан зафатен од големи протести поради поскапувањето на горивото


  Големи протести во Казахстан против поскапувањето на пропан-бутанот, главното гориво за автомобилите на многумина во земјата, ја преплавија целата земја, а вечерва дојде до судири со полицијата која употребила шок гранати. Новинарите известуваат дека почнал да се исклучува интернетот и дека биле блокирани независни медиуми Од почетокот на годината цената на гасот се удвои …

Казахстан зафатен од големи протести поради поскапувањето на горивото Read More »

Во Амстердам пак протестираа илјадници против карантинот


  АМСТЕРДАМ – Илјадници луѓе во Холандија ѝ пркосеа на забраната за собирање и во неделата демонстрираа против мерките за заклучување на холандската влада, собирајќи се на централниот плоштад пред да маршираат кон паркот во Амстердам. Мала група демонстранти накратко се судри со полицијата за немири додека полицајците ја расчистуваа толпата од плоштадот „Музеј“ врз …

Во Амстердам пак протестираа илјадници против карантинот Read More »

Судан: 58 полицајци повредени, 114 уапсени за време на протест


 Суданските власти денеска соопштија дека 58 полицајци биле повредени за време на протест претходниот ден против воениот удар, јави државната телевизија. Во соопштението на Комитетот за безбедност на Картум се додава дека 114 лица се уапсени и се соочуваат со судски процес. Демонстрантите повторно протестираа во Картум и други судански градови вчера против воениот удар …

Судан: 58 полицајци повредени, 114 уапсени за време на протест Read More »

Протести во Минхен поради рестриктивните мерки за борба против коронавирусот


Германија – Пет илјади луѓе синоќа протестираа во Минхен против рестриктивните мерки за борба против коронавирусот, јави ДПА. Имаше спорадични пројави на насилство. Полицијата користеше спреј и палки за да ги растера демонстрантите. Регистрирани се 14 прекршоци, вклучително и напади врз полицајци и носење транспаренти на забранети организации. Приведени се 11 луѓе. 

Насилен протест во Луксембург против корона мерките


Луксембург – Неколку стотици лица вчера протестираа во Луксембург против мерките воведени поради коронавирусот, јавија француските медиуми, додавајќи дека полицијата која го обезбедуваше протестот употребила водени топови и го растурила собирот, притоа апсејќи и неколку демонстранти. Хеликоптери и дронови ги надлетуваа демонстрантите кои извикуваа „Слобода“, а на помош на луксембуршката полиција дојде и полицијата од соседна …

Насилен протест во Луксембург против корона мерките Read More »

Светлана Бојковиќ: Нема запирање додека не го истераме „Рио Тинто“


Прочуената актерка Светлана Цеца Бојковиќ за Нова.рс изјави дека борбата против „Рио Тинто“ не е завршена и дека нема причина да се прекине протестот. Таа ги повика граѓаните денеска да се соберат за да помогнат во остварувањето на главната цел – протерувањето на „Рио Тинто“ од Србија. Коментирајќи го денешниот протест, актерката за Нова.рс изјави …

Светлана Бојковиќ: Нема запирање додека не го истераме „Рио Тинто“ Read More »

Протести и блокади на 50 локации низ Србија поради рудникот Рио Тинто


Србија– Иницијативата „Еколошко востание“ денеска ги повика граѓаните да ги блокираат патиштата низ Србија на еден час, додека иницијативата „Движи-Промени“ се откажа од организирање прослава на Плоштадот на Републиката во Белград бидејќи беа исполнети двете првични барања за протести – Законот за експропријација е повлечен, а законот за референдум и народната иницијатива е изменет, јави …

Протести и блокади на 50 локации низ Србија поради рудникот Рио Тинто Read More »

Вучиќ попушти по протестите – повлечен законот за експропријација


Српскиот претседател вината ја префрли врз министрите коли имале „постојана манија да се мешаат во сѐ“    Владата на Србија донесе одлука за повлекување на Законот за експропријација од собраниска процедура, кој беше вратен во Собранието на Србија на повторно разгледување од претседателот Александар Вучиќ. Владата на Србија ќе анализира дали се неопходни измени на …

Вучиќ попушти по протестите – повлечен законот за експропријација Read More »

Протести против Северна Македонија: Триесет приведени


Членови на десничарски и националистички организации, членови на грчките здруженија од дијаспората, како и членови на Златна зора, меѓу кои и поранешниот пратеник Илиас Касидиарис се собраа кај споменикот на Александар Велики во Солун во знак на протест против Договорот од Преспа и со слогани и плакати бараат негово поништување. Конкретниот протест, како и останатите …

Протести против Северна Македонија: Триесет приведени Read More »

Во Белград одржан 35. протест „Еден од пет милиони“


Србија – Во Белград како и секоја сабота, синоќа се одржа 35. протест „Еден од пет милиони“. Протест се одржа неколку дена откако почна дијалогот на Факултетот за политички науки меѓу претставниците на власта и опозицијата за изборните услови. Претседателот на Движењето за пресврт и еден од лидерите на Сојузот за Србија (СзС), Јанко Веселиновиќ, …

Во Белград одржан 35. протест „Еден од пет милиони“ Read More »

Протест „1 од 5 милиони“ во Белград-На однапред украдени избори не излагаме


Србија– Во Белград, Нови Сад и Ниш, синоќа се одржаа 27-мите граѓански протести „1 од 5 милиони“ против власта на претседателот Александар Вучиќ, со кои се одбележаа шест месеци откако тие се одржуваат ширум Србија. Протестот на повеќе илјади граѓани во Белград започна на Теразиска чешма, по што продолжи со протестна прошетка низ централните белградски …

Протест „1 од 5 милиони“ во Белград-На однапред украдени избори не излагаме Read More »

Во пресрет на митингот на СИРИЗА во Солун приведени 25 лица


Грција– Грчката полиција синоќа во Солун приведе 25 лица, поради учество на протест против Договорот од Преспа во пресрет на предизборниот собир на владејачката партија СИРИЗА на кој се обрати премиерот Алексис Ципрас, објавија грчките медиуми. На шестмина од уапсените им е одредена мерка притвор, а останатите се пуштени на слобода. Според локалните медиуми, дел …

Во пресрет на митингот на СИРИЗА во Солун приведени 25 лица Read More »

Во Лондон уапсени 718 активисти против климатските промени


Лондонската полиција денеска соопшти дека уапсила 718 учесници на протестите против климатските промени, кои изминативе денови во неколку наврати ги блокираа сообраќајниците во Лондон. Организатор на протестите е здружението за заштита на природата „Бунт против изумирањето“, кое се залага за намалување на емисиите на штетни гасови и за спречување на климатски промени. Активистите на движењето …

Во Лондон уапсени 718 активисти против климатските промени Read More »