Поради судир прекин на сообраќајот за товарни возила на патот Гостивар-Кичево


АМСМ известува дека денеска на магистралниот пат Гостивар-Кичево се случила сообраќајна несреќа. – На 26.09.2023 година од 10.25 часот на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во непосредна близина на „Панорама“, поради случена сообраќајна незгода, сообраќајот ќе биде во прекин само за товарни моторни возила, велат од АМСМ.

Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Градско – Прилеп


 Поради сообраќајна незгода, од 09:40 часот во прекин е сообраќајот на патниот правец Градско – Прилеп помеѓу Росоман и Сирково. Сообраќајот е во прекин во двата правци за сите видови на возила, соопшти АМСМ.

Во прекин сообраќајот Струмица-Ново Село поради несреќа


Од АМСМ известуваат дека сообраќајот на магистален пат Струмица – с.Ново село , на делницата од Струмица кон с.Дабиле во близина на клучката кон с.Сачево е во прекин поради случена сообраќајна незгода. Сообраќајот е пренасочен е по локален спореден земјен пат.

Десетици илјади корисници без пристап до Твитер


Најмалку десетици илјади корисници низ светот попладнево не можеа да се вклучат на социјалната мрежа Твитер, јави Скај њуз. При обид да се вклучат, страницата покажуваше знак за грешка и бараше од корисниците да се обидат повторно. Ова е прв голем прекин на Твитер по проблемите во САД во февруари поради техничка грешка. На 4 …

Десетици илјади корисници без пристап до Твитер Read More »

Прекинат бојкотот на машиновозачите, се нормализира железничкиот сообраќај


Патничките и товарните возови од попладне повторно ќе сообраќаат. Прекинат е бојкотот на машинскиот и извршниот персонал на Железници Транспорт на Република Северна Македонија АД Скопје на кои денеска им се исплатени материјалните трошоци за минатиот месец, што беше причина за прекинот на  железничкиот сообраќај од вчера во 15 часот, потврди за МИА Тони Димовски, …

Прекинат бојкотот на машиновозачите, се нормализира железничкиот сообраќај Read More »

Железничкиот сообраќај во прекин, ЖРСМ тврди дека се штрајкува незаконски


Железничкиот сообраќај попладнево од 15 часот е во целосен прекин и не сообраќаат сите патнички и товарни возови, откако машинскиот и извршниот персонал повторно го активираше бојкотот заради неисплатени материјални трошоци и прв дел од платата за минатиот месец. – Бојкотот ќе трае се до исполнување на барањата, информира за МИА Тони Димовски, претставник на …

Железничкиот сообраќај во прекин, ЖРСМ тврди дека се штрајкува незаконски Read More »

Поради нанос и поплава во прекин сообраќајот на патот кај Мокрински извори


Сообраќајот на патниот правец Р1402 Струмица – Мокрино – Смолари кај Мокрински извори е во прекин поради нанос на коловозот и поплава. Екипите на ЈП „Македонијапат“ работат на расчистување на коловозот и нормализирање на сообраќајот, информира АМСМ. Оттаму посочуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на …

Поради нанос и поплава во прекин сообраќајот на патот кај Мокрински извори Read More »

Дербито Работнички – МЗТ не стигна до епилог


Вечното дерби во македонската кошарка шампионат меѓу лутите скопски ривали Работнички и МЗТ – Аеродром не стигна до епилог, затоа што судиската тројка одлучи да го прекине натпреварот на 3 минути и 18 секунди до крајот на третата четвртина. Причина за прекинот во „Градски Парк“ беа неколку инциденти предизвикани од двете навивачки групи. Судиите пред …

Дербито Работнички – МЗТ не стигна до епилог Read More »

Во прекин железничкиот товарен сообраќај


Железничкиот товарен сообраќај во Македонија е во целосен прекин од 07:30 часот утринава, а железничкиот патнички сообраќај од станица Скопје Патничка ќе се одвива само до полноќ, соопшти попладнево МЖ Транспорт ад Скопје. Како што информираат, изутрина со почеток во 07:30 часот, група вработени од машинскиот и извршен персонал во МЖ Транспорт АД Скопје, еднострано …

Во прекин железничкиот товарен сообраќај Read More »