Во МНТ премиера на претставата „Божествена рапсодија“


 Во Македонскиот народен театар вечер со почеток од 18 часот ќе биде премиерно изведена претставата „Божествена рапсодија“. На сцената настапуваат членовите од инклузивен ансамбл на возраст од 10 до 55 години, актери кои досега успешно соработуваат во поставување на заеднички претстави како „Шумска бајка“, „Други приказни за Алиса“ и „Дрво низ времето“, односно членови кои …

Во МНТ премиера на претставата „Божествена рапсодија“ Read More »

„Народен непријател“ на МНТ го отвори Меѓународниот театарски фестивал „Отело“


 Со изведбата на претставата „Народен непријател“ на Македонскиот народен театар (МНТ) по текст на Хенрик Ибзен и во режија на Нина Николиќ, синоќа започна седмото издание на Меѓународниот театарски фестивал „Отело“ во Гостивар. Пред гостиварската публика во Центарот за култура „АСНОМ“ беа претставени програмата за оваа издание и жирито кое ќе ги додели наградите за …

„Народен непријател“ на МНТ го отвори Меѓународниот театарски фестивал „Отело“ Read More »

Во МНТ комеморација за актерот Владимир Ендровски


 Во Македонски народен театар денеска од 11 часот ќе се одржи комеморација за актерот Владимир Ендровски кој почина неодамна на 60-годишна возраст. – На големата сцена ве покануваме да му одадеме почит на актерот Владимир Ендровски, кој со својот карактеристичен излив на емоции, маестрално подготвени улоги, умешноста и со огромна експлозија на енергија ја пренесуваше …

Во МНТ комеморација за актерот Владимир Ендровски Read More »

МНТ со „Народен непријател“ гостува на фестивал во Италија


  Македонскиот народен театар (МНТ) со претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, во режија на Нина Николиќ, ќе учествува на  25-тиот фестивал „Quartieri dell’Arte“ (QdA) во Италија. Претставата ќе има само една изведба на сцената во театарот во Витербо. – Ова е главниот италијански фестивал на новото/современо пишување. Се одржува секоја година во областа Витербо …

МНТ со „Народен непријател“ гостува на фестивал во Италија Read More »

„Нема да биде крај на светот“ учествува на Интернационалните театарски средби Брчко дистрикт во БиХ


  „Нема да биде крај на светот“, копродукциската претстава на Македонскиот народен театар, Перипетија продукција – Скопје и Сараевскиот воен театар САРТР – Сараево, на 24 октомври со почеток во 19:30 ќе биде дел од Интернационалните театарски средби Брчко дистрикт во БиХ насловени под слоганот „Болест на Општеството“. Во официјалната фестивалска програма која започна на …

„Нема да биде крај на светот“ учествува на Интернационалните театарски средби Брчко дистрикт во БиХ Read More »

МНТ на летна турнеја со „Не се клади на Енглези“ и „Народен непријател“


Македонскиот народен театар со две претстави ќе гостува на повеќе сцени во рамки на летната турнеја од 3 јули до 15 август. Турнејата на МНТ ќе почне задутре со гостување на 15. „Македонско културно лето“ во Пустец, Албанија, со претставата „Не се клади на Енглези“. -Оваа копродукциска претстава веќе осум години опстојува на репертоарот на …

МНТ на летна турнеја со „Не се клади на Енглези“ и „Народен непријател“ Read More »

„Нема да биде крај на светот“ вечер во МНТ во рамки на „Скопско лето“


 Во рамки на фестивалот „Скопско лето“, вечер на малата сцена на МНТ ќе се одржи театарската претстава „Нема да биде крај на светот“. Според авторот Аднан Лугониќ, флоскулата „крај на светот“ никогаш не била позастапена, како во медиумите така и во секојдневните, обични разговори. Стравот од генералното пропаѓање на планетата како да ги направи неважни сите …

„Нема да биде крај на светот“ вечер во МНТ во рамки на „Скопско лето“ Read More »

Унковски се враќа во МНТ со „Сите сме птици“


На сцената на Македонскиот народен театар се враќа нашиот еминентен режисер Слободан Унковски, соопштија од МНТ. Најновиот проект и соработка со Унковски се очекуваше подолг период, и тој по девет години од последната негова претстава, повторно режира во МНТ. „Со особена радост ја објавуваме веста за нови креативни почетоци и првата читачка проба на претставата …

Унковски се враќа во МНТ со „Сите сме птици“ Read More »

Претставата „Нема да биде крај на светот“ прогласена за најдобра на фестивалот „БиХ драма Зеница“


Копродукцискиот проект меѓу Македонскиот народен театар, Перипетија продукција и Сараевски ратни театар САРТР, „Нема да биде крај на светот“ е добитник на наградата од новинарското жири за најдобра претстава во целина на фестивалот „БиХ драма Зеница“ – БиХ, соопшти МНТ. Следната изведба, како што се посочува, е закажана на 22 јуни во 20:30 на сцената …

Претставата „Нема да биде крај на светот“ прогласена за најдобра на фестивалот „БиХ драма Зеница“ Read More »

Премиера на претставата „Народен непријател“ во МНТ


Во рамки на одбележувањето на Денот на Европа, вечерва во Македонскиот народен театар премиерно ќе биде изведена преставата „Народен непријател“ од норвешкиот автор Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ.   Претставата е дел од проектот „Патиштата на хероите“ поддржан од програмата на „Креативна Европа“, а во рамките на повикот за проекти за културна …

Премиера на претставата „Народен непријател“ во МНТ Read More »

Танц Фест прослави роденден во МНТ- новите танчери ја воодушевија публиката


 Фестивалот Танц Фест синоќа во Македонскиот народен театар одбележа 18 години постоење. Фестивалот почна во 2005 година и од тогаш на сцената продефилираа повеќе илјадници уметници од целиот свет. Скопската, но и публиката во Велес, Битола и Штип имаше можност низ годиниве наназад да проследи врвни уметнички компании од Амстердам, Њујорк, Пекинг, Париз, Лисабон, Љубљана, …

Танц Фест прослави роденден во МНТ- новите танчери ја воодушевија публиката Read More »

Во МНТ во ек се подготовките за новата комедија „Лагата“


На малата сцена во Македонскиот народен театар (МНТ) во тек се читачките проби за претставата „Лагата“, работена по текст на современиот француски писател, драматург, театарски режисер, сценарист и филмски режисер Флоријан Зелер. Претставата е во режија на Бесфорт Идризи. Премиера се очекува кон втората половина на мај. „Лагата“ е безмилосна комедија која ги анализира лицемерите …

Во МНТ во ек се подготовките за новата комедија „Лагата“ Read More »

„АКТ – Театарот низ фотографии“- промоција на  монографија од Кире Галевски


В петок, во 19 часот на големата сцена, а во рамките на 77. годишнина од постоењето на РСМ НУ Македонски народен театар, ќе се случи промоција на монографијата „АКТ – Театарот низ фотографии” од Кире Галевски. Станува збор за театарски фотографии на дел од претставите изведувани на сцената на МНТ од 1993 година до денес. …

„АКТ – Театарот низ фотографии“- промоција на  монографија од Кире Галевски Read More »

Македонски народен театар одбележува 77 години постоење


Движејќи се од класичната драма до најсовремените драмски достигнувања, низ делата на домашните и странските автори, Македонскиот народен театар бил, е и ќе биде гласник на културата, водилка кон изведување на ремек-дела, интимна и длабока врска меѓу актерите и публиката, предизвик за режисерите, совршен подиум за претстави на големата и на малата сцена, соопштија од …

Македонски народен театар одбележува 77 години постоење Read More »

Претставата „Нема да биде крај на светот“ на фестивал во Бурса


Македонскиот народен театар со копродукцискиот проект „Нема да биде крај на светот“ утре ќе учествува на 9. Меѓународен театарски фестивал на балканските земји во Бурса во Турција, кој се одржува од 10 до 24 март. Претставата е по текст на Аднан Лугониќ и во режија на Нина Николиќ, а играат актерите Дарја Ризова, Саша Ханџиќ …

Претставата „Нема да биде крај на светот“ на фестивал во Бурса Read More »

МНТ ја подготвува „Народен непријател“ со првенците Никола Ристановски и Звездана Ангеловска


Во подготовка е претставата „Народен непријател“ од авторот Хенрик Ибзен, која претставува финалниот продукт од комплексниот проект насловен „Патиштата на хероите“. Премиерата се очекува кон почетокот на мај оваа година, на сцената на Македонскиот народен театар (МНТ), а потоа ќе биде изведена во сите партнерски земји, како и на фестивали во Европа и во регионот. …

МНТ ја подготвува „Народен непријател“ со првенците Никола Ристановски и Звездана Ангеловска Read More »

„Горчливите солзи на Петра фон Кант“ премиерно  во МНТ


На сцената на Македонскиот народен театар на 2 март, премиерно ќе биде одиграна претставата „Горчливите солзи на Петра фон Кант“ од германскиот автор Рајнер Вернер Фасбиндер, а во режија на Ивица Димитријевиќ. Како што соопштуваат од МНТ, текстот е напишан кон почетокот на 70-тите години од минатиот век, со кој авторот стекнува и голема светска …

„Горчливите солзи на Петра фон Кант“ премиерно  во МНТ Read More »

МНТ со успешна година- праизведби, гостувања, награди и признанија


Зад нас останува уште една сосема успешна година, исполнета со висококвалификувана продукција од домашни и странски автори, современа драматургија, интимен театар, работилници, разговори и дискусии од процес до реализација на една претстава, отворена сцена – ПАНФИЗ, фестивали, гостувања, издавање монографија, начин на изразување на нови и стари уметнички форми препознаени од пошироката театарска маса, а …

МНТ со успешна година- праизведби, гостувања, награди и признанија Read More »

Канада видена со македонски очи – премиера на “Торонто експрес“ во МНТ


„На све може да се навикнеш, и на ракуни и на творови, и на пензија без работен стаж и на бесплатно здравство…, само на едно не можеш, на носталгија… “, ќе ви каже Божо Вампирот (Александар Микиќ), емигрант кој по долги години се враќа од Торонто во Скопје. Дојден во својот роден град, поточно во …

Канада видена со македонски очи – премиера на “Торонто експрес“ во МНТ Read More »

Стоечки аплаузи за „Бесачи“: Како смртта се претвора во шоу


Дали насилство може да биде решение за насилството? Дали смртната казна за криминалците, убијците и силувачите ќе ги намали таквите појави во светот? Одговори на овие прашања се обидува да даде и најновата претставата „Бесачи“ поставена во Македонскиот народен театар. Текстот е на британско-ирскиот автор Мартин Мекдона, а претставата е во режија на бугарскиот режисер …

Стоечки аплаузи за „Бесачи“: Како смртта се претвора во шоу Read More »