Претставата „Нема да биде крај на светот“ прогласена за најдобра на фестивалот „БиХ драма Зеница“


Копродукцискиот проект меѓу Македонскиот народен театар, Перипетија продукција и Сараевски ратни театар САРТР, „Нема да биде крај на светот“ е добитник на наградата од новинарското жири за најдобра претстава во целина на фестивалот „БиХ драма Зеница“ – БиХ, соопшти МНТ.

Следната изведба, како што се посочува, е закажана на 22 јуни во 20:30 на сцената во МНТ, а во рамките на Скопско лето.

Билетите се достапни онлајн преку веб-страницата www.mnt.mk како и на билетарницата во МНТ секој работен ден од 14 часот, информираат од МНТ.