JO го повлече обвинителниот акт во случајот „Тревник“ за Латас и неговите браќа


  Јавното обвинителство го повлече обвинителниот акт во случајот „Тревник“ во кој беа обвинети Драган Павловиќ Латас и неговите браќа Срѓан и Звездан Павловиќ. Од Апелацискиот суд Скопје информираат дека на расправата по жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје одржана на 23 јануари, јавниот обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје, во завршниот збор го повлекол …

JO го повлече обвинителниот акт во случајот „Тревник“ за Латас и неговите браќа Read More »

Латас и Лазаров не се чувствуваат виновни


Во Основниот кривичен суд, новинарот Драган Павловиќ Латас и инфлуенсерот Стефан Лазаров, обвинети за кривичното дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ денеска изјавија дека не се чувствуваат виновни за делото што им се става на товар. Латас пред Судот рече дека не се чувствува виновен и дека обвинението е …

Латас и Лазаров не се чувствуваат виновни Read More »

Апелација ја укина пресудата за „Тревник“


Апелациониот суд Скопје, на затворена седница, одржана на ден 05.05.2023 година, постапувајќи по кривичниот предмет КЖ-1083/22, во јавноста познат како „Тревник“, ја укина пресудата на Основниот кривичен суд Скопје, со која обвинетите Д.П., С.П., и З.П., сите од С., се ослободуваат од обвинението и одлучи да се закаже расправа пред Апелациониот суд Скопје, стои во …

Апелација ја укина пресудата за „Тревник“ Read More »

Пресуда за случајот „Тревник“ на СЈО


Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да биде објавена пресудата за случајот „Тревник“ на Специјалното јавно обвинителство, каде обвинети се Драган Павловиќ-Латас и неговите браќа Срѓан и Звездан за бесправна градба на три викенд куќи во Зелениково. Од СЈО бараат судот да ги осуди браќата Павловиќ за бесправно градење и да им ги одземе …

Пресуда за случајот „Тревник“ на СЈО Read More »

Латас си поднесе оставка од уредничкото место во Сител


Драган Павловиќ Латас поднесе оставка од функцијата Главен и одговорен уредник во ТВ Сител. Во оставката, која ја објави Вечер, се вели: ,,Оставката ја поднесувам со цел – заштита од понатамошни притисоци кон мене како новинар и кон медиумот во кој работам. На оваа функција во ТВ Сител сум од мај 1997 година до денес, …

Латас си поднесе оставка од уредничкото место во Сител Read More »

Се разболе Латас, „Тревник“ одложен за 29 март


Денешното рочиште за случајот „Тревник“ на СЈО е одложено за 29 март поради отсуство од здравствени причини на првообвинетот Драган Павловиќ Латас. Неговата адвокатка Анита Бегова до судот достави лекарска потврда дека Латас е на боледување поради воспаление на средно уво. Во случајот „Тревник“ обвинети се Драган Павловиќ – Латас и неговите браќа Срѓан и …

Се разболе Латас, „Тревник“ одложен за 29 март Read More »

Продолжува судењето за „Тревник“


Во Кривичниот суд треба да се одржи рочиште за случајот „Тревник“, каде обвинети се Драган Павловиќ – Латас и неговите браќа Срѓан и Звездан за бесправна градба на три викенд-куќи во Зелениково. Според СЈО, обвинетите изградиле три викенд-куќи во општина Зелениково без да имаат право на ваква градба, односно градење без одобрение за градење. Латас изградил викендичка …

Продолжува судењето за „Тревник“ Read More »

Ново одложување на судењето против Латас


Поради спреченост на претседателот на судечкиот совет, одложено е денешното рочиште за предметот „Тотал“. Новото судско рочиште е закажано за 21 декември во 10 часот. На денешното рочиште беше присутен обвинетиот Драган Павловиќ Латас и неговите бранители. Тој во предметот на СЈО „Тотал“ е обвинет за затајување данок во висина од 121.414 евра преку правните …

Ново одложување на судењето против Латас Read More »

Ивона Талевска е избрана за претседателка на МАН


На вонредното Собрание на Македонската асоцијација на новинари МАН, кое се одржа денеска во Скопје, со апсолутно мнозинство е прифатена оставката на досегашната претседателка Слаѓана Димишкова, а со еден глас против е прифатена и оставката на досегашниот генерален секретар Драган Павловиќ Латас. Со апсолутно мнозинство, присутните членови на МАН за нов претседател ја изгласаа Ивона …

Ивона Талевска е избрана за претседателка на МАН Read More »

Латас ги доби транскриптите од „бомбите“ за „Тревник“, главната расправа на 27 јуни


Главната расправа за предметот „Тревник“ на СЈО во кој се обвинети Драган Павловиќ – Латас, Срган Павловиќ и  Звездан Павловиќ ќе се одржи на 27 јуни откако на денешното рочиште на обвинетите на нивно барање им беа доставени транскриптите од аудио разговорите по кои се води обвинението. Судијата Марија Клетничка рече дека бранителите на обвинетите …

Латас ги доби транскриптите од „бомбите“ за „Тревник“, главната расправа на 27 јуни Read More »

Латас ги доби транскриптите од „бомбите“ за „Тотал“


По неколку одложувања, денеска во Кривичниот суд почна судењето за предметот „Тотал“ на СЈО во кој обвинет е новинарот Драган Павловиќ-Латас. Одбраната на Латас на почетокот побара да ги добие транскриптите од 14 прислушувани разговори кои СЈО ги предлага како доказ во постапката. Според одбраната, транскриптите се потребни за да се подготват за главната расправа. Реагираше …

Латас ги доби транскриптите од „бомбите“ за „Тотал“ Read More »