Ивона Талевска е избрана за претседателка на МАН


На вонредното Собрание на Македонската асоцијација на новинари МАН, кое се одржа денеска во Скопје, со апсолутно мнозинство е прифатена оставката на досегашната претседателка Слаѓана Димишкова, а со еден глас против е прифатена и оставката на досегашниот генерален секретар Драган Павловиќ Латас.

Со апсолутно мнозинство, присутните членови на МАН за нов претседател ја изгласаа Ивона Талевска, уредник во Сител, а за генерален секретар е избран Александар Михаилов, уредник во редакцијата Весник.

Членовите на Собранието ги разрешија досегашните потпретседатели и за нови се избрани Ѓорѓи Какашевски од Клип Медиа Груп Македонија и Цветин Чилиманов од МИА.

Членовите на Собранието ја усвоија и програмата за работа предложена од претседателот Ивона Талевска, која опфаќа учество во носењето на законите од медиумската сфера,  создавање единствен регистар на новинари при Агенцијата за медиуми, усвојување на кодексот за саморегулација на ИАБ Македонија и продлабочена соработка со самата  организација,  законска регулација на дигиталните медиуми, измени во Законот за аудиовизуелни услуги во делот за МРТВ,  преговори со ЗНМ за прашања од заеднички интерес и друго.

На Собранието на МАН, членовите дискутираа и како да се надминат проблемите во самите редакции, нивната правна и социјална сигурност, осигурување на терен, бенефициран стаж за вработените во медиумите, обезбедување мнаџерски договори, соработка со државните иституции и приватните компании