Апелација ја укина пресудата за „Тревник“


Апелациониот суд Скопје, на затворена седница, одржана на ден 05.05.2023 година, постапувајќи по кривичниот предмет КЖ-1083/22, во јавноста познат како „Тревник“, ја укина пресудата на Основниот кривичен суд Скопје, со која обвинетите Д.П., С.П., и З.П., сите од С., се ослободуваат од обвинението и одлучи да се закаже расправа пред Апелациониот суд Скопје, стои во соопштението од Апелација.

СЈО го покрена овој случај за бесправно градење три викендички во Зелениково од страна на новинарот Драган Павловиќ-Латас и неговите браќа Срѓан и Звездан Павловиќ. Првата ослободителната пресуда беше изречена во 2019 година, истата во 2020 беше укината од Апелација, а предметот беше вратен на повторно судење во Основниот Кривичен суд во Скопје, и по втор пат, во 2022 година, повторно доби ослободителна пресуда.

Од Апелација дополнуваат дека датумот и часот на рочиштето ќе бидат дополнително објавени.