Во Казахстан е уапсен поранешниот шеф на Националната безбедност


Казахстан– Поранешниот шеф на Комитетот за национална безбедност на Казахстан, Карим Масимов е уапсен под обвинение за предавство. Тој беше сменет од функцијата како последица на немирите што ја потресоа земјата. Според локални медиуми, приведени се уште неколку други лица блиски до него.  Повеќе детали засега не соопштуваат казахстанските власти.

Германија го прекина извозот на оружје во Казахстан


Германија– Германија го прекина извозот на оружје во Казахстан поради тамошните немири, јави ДПА. Преземени се неопходни чекори за да се спречи извозот на таква стока во централноазиската република. Минатата година беа издадени 25 дозволи за испорака на оружје за Казахстан во вкупна вредност од околу 2,2 милиони евра. Тоа е релативно ниска сума, но прекинот …

Германија го прекина извозот на оружје во Казахстан Read More »

Русија се коцка во Казахстан


Кремљ беше затекнат од ненадејната криза во Казахстан, која откако започна како протест против поскапувањата на горивото, се прошири низ огромната земја со молскавична брзина оваа недела и прерасна во насилство во поранешниот главен град Алмати. Само неколку дена пред Нова година, рускиот претседател Владимир Путин беше домаќин и на актуелниот казахстански претседател Касим-Жомарт Токаев …

Русија се коцка во Казахстан Read More »

Нема повредени или загрозени македонски граѓани во Казахстан, МНР апелира да останат на безбедно


Министерството за надворешни работи вечерва соопшти дека според информациите со кои располага базирани врз остварени комуникации, во Казахстан нема повредени или загрозени граѓани на Македонија. Од МНР апелираат нашите државјани да не ги напуштаат безбедните локации, а тие што планирале патување во таа земја, тоа да го одложат. Во соопштението до медиумите Министерството за надворешни …

Нема повредени или загрозени македонски граѓани во Казахстан, МНР апелира да останат на безбедно Read More »

Уапсените во немирите во Казахстан може да се соочат и со доживотни затворски казни


Казахстанското Државно јавно обвинителство отворило предмети за масовните немири во земјата, а истрагата е проширена и за терористички активнисти, јави ТВ каналот „24 Хабар“. „Главното обвинителство на Казахстан отвори кривични предмети за организирање и учество во немири, а почната е и предистражна истрага за терористички акти“, соопшти телевизискиот канал. Како дел од истрагата формирана е …

Уапсените во немирите во Казахстан може да се соочат и со доживотни затворски казни Read More »

Ново насилство во Казахстан, војската пука врз демонстрантите на плоштадот во Алмати


Во главниот град на Казахстан, Алмати, денеска избувна ново насилство откако Русија во текот на изминатата ноќ испрати падобранци во обид да се задуши граѓанскиот бунт во оваа поранешна советска република. Очевидци за британските медиуми изјавија дека во пукотницата има повредени. Истите извори велат дека кон плоштадот се движат воени возила. -Војниците пукаат во демонстрантите …

Ново насилство во Казахстан, војската пука врз демонстрантите на плоштадот во Алмати Read More »

Хаос во Казахстан, пристигнаа и руски војници


Казахстан и понатаму го потресуваат немири. Полицијата тврди дека десетици демонстранти биле убиени. Државните медиуми јавуваат и за најмалку 12 загинати полицајци. Стотици луѓе беа повредени. Претседателот на Казахстан, Касим-Жомарт Токаев, побара интервенција од Организацијата на Договорот за колективна безбедност (CSTO) – сојуз составен од Русија, Ерменија, Белорусија, Казахстан, Киргистан и Таџикистан – доцна во …

Хаос во Казахстан, пристигнаа и руски војници Read More »

Владата во Казахстан ограничува за шест месеци поскапување на горивата во обид да ги смири протестите


Казахстанските власти денеска поставија ограничувања за цената на горивото за шест месеци, откако новогодишното зголемување на цените предизвика протести што се претворија во масовни немири. Демонстрации има низ централноазиската држава од 19 милиони жители оваа недела во знак на бес поради зголемувањето на цената на течниот нафтен гас (ТНГ), што нашироко се користи за гориво …

Владата во Казахстан ограничува за шест месеци поскапување на горивата во обид да ги смири протестите Read More »

Русија испрати падобранци како дел од мировниот контингент на ОДКБ во Казахстан


Русија – Руските Воздухопловно-космички сили и транспортната авијација испратија припадници на Воздухопловните сили во Казахстан, како дел од мировните сили на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ), соопшти денеска Секретаријатот на таа организација. „Руските воени единици на Воздухопловните сили се приклучија на колективните мировни сили на ОДКБ“, се вели во соопштението на Секретаријатот, пренесува руската …

Русија испрати падобранци како дел од мировниот контингент на ОДКБ во Казахстан Read More »

САД го осудија насилството во Казахстан и повикаа на воздржаност


САД – Соединетите Американски Држави го осудија насилството и вандализмот во Казахстан. Стејт департментот ги повика демонстрантите и властите во централноазиската земја да се воздржат. Нарекувајќи го Казахстан „вреден партнер“, ги повика сите Казахстанци да ги почитуваат институциите, човековите права и медиумските слободи. Осум полицајци и припадници на националната гарда на Казахстан загинаа во протестите, а …

САД го осудија насилството во Казахстан и повикаа на воздржаност Read More »

Казахстан прогласи вонредна состојба, во нередите загинаа осум полицајци и припадници на националната гарда


Казахстан денеска прогласи вонредна состојба на целата територија, откако протестите  ескалираа во немири.  Локалните медиуми јавија за вонредната состојба повикувајќи се на коминике прикажано на државната телевизија на Казахстан. Претходно беше прогласена локална вонредна состојба во областите кои беа најмногу погодени од протестите: економската престолнина на Казахстан – градот Алмати, регионот Мангистау и главниот град на земјата …

Казахстан прогласи вонредна состојба, во нередите загинаа осум полицајци и припадници на националната гарда Read More »

Драмата во Казахстан: Претседателот се заканува со безмилосен одговор


  Претседателот на Казахстан се закани дека безмилосно ќе ги запре протестите што се во тек низ целата земја, тврдејќи дека немирите довеле до смртни случаи и повреди меѓу службениците за спроведување на законот. „Како шеф на државата… планирам да дејствувам што е можно построго“, рече Касим-Жомарт Токаев во телевизиското обраќање во средата попладне. „Ова …

Драмата во Казахстан: Претседателот се заканува со безмилосен одговор Read More »

Владата на Казахстан поднесе оставка по протестите заради цената на горивата


  Казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев денеска ја прифати оставката на владата, соопшти неговиот кабинет по протестите против владата, предизвикани од зголемувањето на цените на горивото, а во кои беа повредени речиси стотина полицајци. Полицијата со солзавец и шок бомби доцна синоќа упадна на протест при што од плоштад во Алмати протера стотици демонстранти, а немирите …

Владата на Казахстан поднесе оставка по протестите заради цената на горивата Read More »

Казахстан зафатен од големи протести поради поскапувањето на горивото


  Големи протести во Казахстан против поскапувањето на пропан-бутанот, главното гориво за автомобилите на многумина во земјата, ја преплавија целата земја, а вечерва дојде до судири со полицијата која употребила шок гранати. Новинарите известуваат дека почнал да се исклучува интернетот и дека биле блокирани независни медиуми Од почетокот на годината цената на гасот се удвои …

Казахстан зафатен од големи протести поради поскапувањето на горивото Read More »

Отворање на изложбата со Златниот човек од Казахстан


Во Археолошкиот музеј вечер во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Великата степа: историја и култура“ од Националниот музеј на Казахстан, на која главен експонат е Златниот човек од 5 век п.н.е. познат како „казахстански Тутанкамон“. Научниците го идентификувале како 18-годишен воин од скитското племе Сака. Бил откриен од археолозите во 1969 година во гробница …

Отворање на изложбата со Златниот човек од Казахстан Read More »

Ексклузивна изложба: Златниот човек на Казахстан доаѓа во Скопје


Златниот човек од 5 век п.н.е. познат како „казахстански Тутанкамон“ ќе биде претставен во Археолошкиот музеј во Скопје од 11 јули до 11 август. Најпознатиот и најзначаен археолошки пронајдок од Казахстан е идентификуван од научниците како 18-годишен воин на Сака – племе од азискиот народ Скити кои во минатото владееле со пространите казахстански степи. Оттука …

Ексклузивна изложба: Златниот човек на Казахстан доаѓа во Скопје Read More »

Казахстан: Главниот град Астана се преименува во Нурсултан


Пратениците од Парламентот на Казахстан ги усвоија амндманите на Уставот на земјата со што престолнината Астана се преименува во Нурсултан, во чест на првиот претседател Нурсултан Назербаев. Преименувањето на главниот град е на предлог на новиот претседател Хашим-Жомрат Токаев во чест на Назербаев, кој беше на власт 30 години, уште од времето на Советскиот сојуз. Астана …

Казахстан: Главниот град Астана се преименува во Нурсултан Read More »

Казахстан го забрани рускиот јазик на владините состаноци


Казахстан дополнително се оддалечи денеска од некогашните политички покровители во Москва откако во сила стапи забраната за употреба на рускиот јазик на состаноци на Владата. Претседателот Нурсултан Назарбаев, кој ја води државата од 1989 година, има големи овластувања, ја воведе забраната ден претходно. Тој е единствен од времето на СССР кој се уште е на …

Казахстан го забрани рускиот јазик на владините состаноци Read More »