Земјотрес од 5,9 степени ја погоди Индонезија


Земјотрес со интензитет од 5,9 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во реонот на Молучките Острови, во источниот дел на Индонезија. Како што соопшти индонезиската Агенција за метеорологија, клима и геофизика (БМКГ), епицентарот на потресот се наоѓал на 130 километри југозападно од молучкиот остров Тернате. Засега нема информации за евентуални жртви и предизвикани материјални …

Земјотрес од 5,9 степени ја погоди Индонезија Read More »

Земјотрес утрово во Грција, почувствуван на југот од Македонија


Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје утрово во 5 часот и 47 минути регистрирше земјотрес со епицентар  во Грција, 180 километри југоисточно од Скопјe. Рихтеровата магнитуда на земјотресот е 4.2, а бил почувствуван од населението во јужните  делови од Македонија, со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала. 

Силен земјотрес кај Закинтос


Грција- Силен земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала ноќеска е регистриран во Јонското Море во близина на западниот грчки туристички остров Закинтос. Потресот бил почувствуван до Атина, а властите соопштија дека засега нема извештаи за повредени лица или причинети поголеми метријални штети. Геолошкиот институт на САД соопшти дека епицентарот на подводниот земјотрес бил …

Силен земјотрес кај Закинтос Read More »

Расте бројот на жртви во земјотресот во Индонезија, Владата соопшти за 405 загинати


Бројот на жртвите во двата земјотреси и цунамито кое го предизвика вториот посилен потрес во Индонезија надмина 400 лица, соопштија локалните власти. Владата соопшти дека загинале најмалку 405 лица, а стотици се повредени. Спасувачките екипи се уште не можат да стигнат до градот Донгала, кој беше поблиску до епицентарот на потресот. Постои опасност бројот на …

Расте бројот на жртви во земјотресот во Индонезија, Владата соопшти за 405 загинати Read More »

Серија земјотреси ја погодија Албанија


Серија земјотреси со помал интензитет се регистрирани во североисточниот дел на Албанија за само неколку часа, по вчерашниот во 17:38 часот кој беше со јачина од 5,1 степен според Рихтер. Според Олгерт Ѓузи од албанскиот Институтот за сеизмологија, по земјотресот, чиј епицентар беше во близина на градот Булќиза, регистрирани се дури 15 потреси со јачина …

Серија земјотреси ја погодија Албанија Read More »

Земјотрес од 5 степени по Рихтер ја погоди Албанија, кај нас со најсилен интезитет почуствуван во Дебар


Земјотресот кој поладнево беше почуствуван во Македонија е со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот е регистриран на 115 киломтери југо-западно од Скопје во соседна Албанија, соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Со најсилен интезитет во Македонија, односно со 4 степени според Европската макросеизмичка скала бил почуствуван во Дебар и околината, …

Земјотрес од 5 степени по Рихтер ја погоди Албанија, кај нас со најсилен интезитет почуствуван во Дебар Read More »

Земјотрес во Албанија, се почувствува и кај нас


Земјотрес во Албанија попладнево ги вознемири граѓаните на Западна Македонија, а се почувствува и во Скопје. Земјотресот е со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на земјотресот е на 42 километри североисточно од Тирана, во реонот на градот Бурел. Освен во Македонија, бил почувствуван и во Црна Гора и Србија. Во моментов нема …

Земјотрес во Албанија, се почувствува и кај нас Read More »

Поправена е пораката на Тито


Поправена е грешката со интерпукциските знаци на пораката на солидарноста на Тито, која неодамна беше повторно поставена на источниот ѕид на Музејот на Град Скопје. Изменетите реченици, со различно поставени точки и запирки, наидоа на реакции во јавноста, која негодуваше и за изменетиот фонт на буквите. Од Градот Скопје вчера информираа дека веднаш штом забележале …

Поправена е пораката на Тито Read More »

Разгледување на Скопје во „Рута на солидарноста“


Во рамките на манифестацијата „Зборува Скопје“ денеска од паркот Мајка Тереза, кај платото пред зградата на ЕВН, почнува „Рута на солидарноста“, преку која граѓаните ќе имаат можност со автобуси панорамски да го разгледаат Скопје со фокус на случувањата поврзани со катастрофалниот земјотрес во 1963 година. Автобусот ќе се движи покрај Старата железничка станица, кон населбите …

Разгледување на Скопје во „Рута на солидарноста“ Read More »

ЈСП со специјална рута за годишнината од земјотресот


ЈСП и ЈСП Турс ќе се вклучат во одбележувањето на 55-годишнината од катастрофалниот земјотрес во 1963 година. Во рамки на „Зборува Скопје“, ЈСП Турс организира специјална рута на Сити бусот „Рута на солидарноста“. Предвидено е автобусот да обиколи неколку локации кои имаат симболика со катастрофалниот земјотрес. Почетна станица ќе биде местото каде што е родена …

ЈСП со специјална рута за годишнината од земјотресот Read More »

За еден час во Албанија почувствувани 46 потреси


Серија земјотреси ја погодија денеска Албанија, при што предизвикаа материјална штета и паника меѓу населението. Според Рапо Ормени од Сеизмолошкиот институт во Тирана по првиот потрес почувствуван во 11:02 часот, па се до 12 часот, почуствувани се 46 потреси со различна јачина. – Првиот потрес беше со јачина од 5,2 степени според Рихтер на 31 …

За еден час во Албанија почувствувани 46 потреси Read More »

Силен земјотрес на Пелопонез


Земјотрес со интензитет од 5,5 степени по Рихтеровата скала го погоди утринава во западниот дел на Пелопонез. Епицентарот на земјотресот бил на 37 километри југозападно од Пилос, на длабочина од 30 километри. Нема податоци за повредени или материјална штета.

Силен земјотрес во Боливија


Земјотрес со интензитет од 6,9 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди јужниот дел на Боливија, соопшти Американскиот геофизички институт. Потресот се случил на длабочина од 557 километри под површината на земјата, со епицентар на 209 километри во правец исток-североисток од градот Тариха. Земјотресот предизвика паника меѓу населението, но нема жртви, разурнување или материјални штети, …

Силен земјотрес во Боливија Read More »

Земјотрес регистриран на Закинтос


Земјотрес со интензитет од 4,8 степени според Рихтеровата скала синоќа е регистриран западно од грчкиот остров Закинтос, соопшти атинскиот Институт за геодинамика. Епицентарот на земјотресот бил во Јонско Море западно од Закинтос, на длабочина од пет километри. Се уште нема информации за евентуално повредени лица или причинета материјална штета. Закинтос е познат по честите земјотреси …

Земјотрес регистриран на Закинтос Read More »

Земјотрес во Скопје


Земјотрес со јачина од три степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван денеска во Скопје и околината. Земјотресот е регистриран во 15 часот и 43 минути и потекнува од скопското епицентрално подрачје. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека епицентарот е на само неколку километри источно од централното градско подрачје, со локална Рихтерова …

Земјотрес во Скопје Read More »

Почувствуван земјотрес во Дојран


Земјотрес од 3,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран претпладнево во 10:13 часот во дојранското епицентрално подрачје. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека епицентарот бил на 15 километри источно од Дојран, во соседна Грција. Земјотресот е почувствуван од населението во Дојран, Валандово и Струмица, со интензитет од три до пет степени според …

Почувствуван земјотрес во Дојран Read More »

Уште еден земјотрес почувствуван во Скопје


Откако утрово скопјани ги разбуди земјотрес со магнитуда од 2,6 степени по Рихтеровата скала во 08. 03 часот, уште еден земјотрес беше почувствуван во 15,24 часот. Јачината на вториот земјотрес беше со јачина од 2,5 степени според Рихтеровата скала.

Земјотрес ги разбуди скопјани


Земјотрес со магнитуда од 2,6 степени по Рихтеровата скала е регистриран утрово во 08. 03 часот во скопското епицентрално подрачје. Епицентарот на земјотресот, според Европсккиот-медитерански сеизмолошки центар бил на шест километри источно од Скопје, на длабочина од четири километри. Во Македонија утрово покрај земјотресот во Скопје, регистриран е уште еден земјотрес во охридското епицентрално подрачје. …

Земјотрес ги разбуди скопјани Read More »

Земјотрес во околината на Каратманово и Велес


Земјотрес со магнитуда од 2,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран вечерва во 19:07 минути на 45 километри југоисточно од Скопје од велешкото епицентрално подрачје. Како што соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природноматематичкиот факултет во Скопје, земјотресот е почувствуван од населението во околината на Каратманово и Велес, со интензитет од четири степени според Европската Макросеизмичка Скала.

Земјотрес почувствуван во Охрид


Земјотрес со магнитуда од 2,3 степени по Рихтер, денеска во 12 часот и 40 минути во охридското епицентрално подрачје регистрирала телеметриската мрежа на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Епицентарот на земјотресот е на неколку километри од Охрид во околината на селото Лескоец, а почувствуван е од населението во Охрид и неговата непосредна околина …

Земјотрес почувствуван во Охрид Read More »