Земјотрес во Албанија, се почувствува и кај нас


Земјотрес во Албанија попладнево ги вознемири граѓаните на Западна Македонија, а се почувствува и во Скопје. Земјотресот е со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала.
Епицентарот на земјотресот е на 42 километри североисточно од Тирана, во реонот на градот Бурел. Освен во Македонија, бил почувствуван и во Црна Гора и Србија.
Во моментов нема информации за евентуални штети.