Името „Македонија“ останува неприфатливо за Каменос


Грчкиот министер за одбрана Панос Каменос, коментирајќи ги последните случувања во разговорите меѓу Скопје и Атина, изјави дека неговата партија Независни Грци, која е помал коалициски партнер во Владата на Грција, нема да прифати зборот „Македонија“ да биде содржан во името на северниот сосед, објави електронското издание на „Катимерини“. Каменос вчера при посетата на воениот …

Името „Македонија“ останува неприфатливо за Каменос Read More »

Грчката полиција спречила обид за атентат врз Ердоган


Грчките медиуми јавуваат дека при крајот на ноември полицијата уапсила деветмина турски левичари кои планирале да го ликвидираат турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за време на неговата неодамнешна посета на Атина. Уапсените се припадници на Револуционерниот народен фронт (ДХКП-Ц), турска комунистичка група, која е прогласен за терористичка група поради нејзините напади врз турските безбедносни сили …

Грчката полиција спречила обид за атентат врз Ердоган Read More »

„Екатимерини“: Нимиц оптимист, но пречките демнат


Договорот за решавање на спорoт за името меѓу Атина и Скопје би можел да се случи до средината на наредната година. Самитите на ЕУ во јуни и на НАТО во почетокот на јули се неформалната рамка за надминување на долгогодишниот ќор-сокак, објавува денеска „Екатимерини“ во текстот „Нимиц оптимист, но пречките демнат“. Во Обединетите нации со …

„Екатимерини“: Нимиц оптимист, но пречките демнат Read More »

Македонија освои прво место на латино шоу во Грција


Со злато и бронза се враќаат македонските натпреварувачи од светското првенство во латино шоу, што викендов се одржа во Атина. Седум девојчиња од танцовото студио „Eat the beat “ со кореографијата „Седумте џуџиња“ беа најдобри во нивната категорија. Го освоија првото место, станаа светски шампиони, а на Македонија и донесоа злато и пехар. Искачувањето на …

Македонија освои прво место на латино шоу во Грција Read More »

Оптимизам по првата рунда преговори за името


По тригодишен застој во вторникот во Брисел се одржаа разговори меѓу медијаторот на ОН Метју Нимиц и претставниците на Македонија и на Грција, Васко Наумовски и Адемантиос Василакис, во обид да се најде решение за прашањето за името на Македонија. Нимиц по разговорите излезе со став дека прашањето треба да се реши во 2018 година, …

Оптимизам по првата рунда преговори за името Read More »

Протест на грчките пензионери го блокираше центарот на Атина


Неколку илјади пензионери го блокираа центарот на Атина попладнево во протест против најавеното ново намалување на пензиите, јави новинската агенција ДПА. Сообраќајот во центарот на грчкиот главен град е во целосен застој од демонстрантите кои извикувале „вратете ни ги парите“ и „ние си ги заработивме пензиите“. Од почетокот на грчката економска криза во 2010 година …

Протест на грчките пензионери го блокираше центарот на Атина Read More »

Петерле: Постигнат е напредок за доверба меѓу Атина и Скопје


Постигнат е напредок за градење доверба помеѓу Атина и Скопје, но се очекува да следат и конкретни чекори, оценува пратеникот од Европскиот парламент и претседател на Делегацијата на ЕП на Мешовитиот парламетарен комитет Македонија – Европска Унија, Алојз Петерле, во интервју за „European Western Balkans“. – За да се најде решение за спорот во врска …

Петерле: Постигнат е напредок за доверба меѓу Атина и Скопје Read More »

Нимиц: Прашањето за името може и треба да се реши во 2018 година


Прашањето за името може и треба да биде решено следната година, изјави медијаторот Метју Нимиц по вчерашните разговори во Брисел со преставниците на Македонија и на Грција, Васко Наумовски и Адемантиос Василакис. – По толку многу години, не постои магично ново име што може да се појави од никаде и да го реши прашањето. Решението …

Нимиц: Прашањето за името може и треба да се реши во 2018 година Read More »

Нимиц на средба во Брисел со преговарачите за името


Посредникот на ОН во разговорите за прашањето на името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц, по тригодишна пауза, денеска и утре во Брисел ќе има средба со преставниците на двете земји Васко Наумовски и Адемантиос Василакис. Средбата, како што најави канцеларијата на Нимиц, е дел од напорите на ОН да им се помогне на двете …

Нимиц на средба во Брисел со преговарачите за името Read More »

Скопје и Атина се оптимисти: Нова средба на преговарачите за името


Посредникот на ОН во разговорите за прашањето на името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц, по тригодишна пауза, во понеделник и вторник во Брисел ќе има средба со преставниците на двете земји Васко Наумовски и Адемантиос Василакис. Средбата, како што најави канцеларијата на Нимиц, е дел од напорите на ОН да им се помогне на …

Скопје и Атина се оптимисти: Нова средба на преговарачите за името Read More »

Средба на Вучиќ со Ципрас, Борисов и Тудосе во Белград


Српскиот претседателот Александар Вучиќ денеска во Белград ќе се сретне со премиерите на Грција, Алексис Ципрас, на Бугарија, Бојко Борисов и на Романија, Михај Тудосе, во рамките на Високиот совет за соработка меѓу четирите држави. Се очекува на состанокот четворицата лидери да разговараат за заедничките проекти, економската соработка и европската перспектива на Србија, имајќи го …

Средба на Вучиќ со Ципрас, Борисов и Тудосе во Белград Read More »

Ердоган пристигнува во историска посета на Грција


Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денес ја започнува историската посета на Грција, со цел да се забрза затоплувањето на односите меѓу двете соседни земји, кои се заладени поради длабоки несогласувања меѓу двете земји. За време на дводневната посета, која е прва на турски шеф на државата во Грција од 1952 година, Ердоган ќе биде …

Ердоган пристигнува во историска посета на Грција Read More »

Атина: Судири меѓу демонстрантите и полицијата пред најавениот голем протест


Помали групи млади луѓе денеска се судрија со грчката полиција пред почетокот на демонстрациите за одбележување на деветгодишнината кога полицајци убија тинејџер што ги предизвика најтешките нереди во Грција во последните десетици години. Групи млади фрлаа сигнални ракети врз полициските единици за борба со нереди, кои одговорија со употреба на солзавец. Судирите се случија пред …

Атина: Судири меѓу демонстрантите и полицијата пред најавениот голем протест Read More »

Коѕијас: Мора да се најде компромис за прашањето за името


Мора да се најде компромис за прашањето за името за да се отвори патот на Поранешна Југословенска Република Македонија  кон ЕУ и другите организации во кои сака да се приклучи, вели грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас во интервју за весникот „Етнос“. – Во случајот со ПЈРМ, нашите соседи веруваа дека можат да продолжат …

Коѕијас: Мора да се најде компромис за прашањето за името Read More »

Грција постигна договор со кредиторите за следните реформи


Грција постигнала договор со претставници на кредиторите во рамки на третата ревизија на програмата за помош што ќе ги одреди следните рати од помошта. – Постигнавме договор со претставници на институциите за сите прашања, изјави министерот за финансии Еуклид Цакалотос. Од вторникот тој и министерот за економија Јоргос Статакис разговараа со претстваници на евриопската унија, …

Грција постигна договор со кредиторите за следните реформи Read More »

Грујевски и Бошкоски бараат азил во Грција, судењето одложено


Поранешниот началник на Петтата управа при МВР, Горан Грујевски и вработениот во УБК, Никола Бошкоски, обвинети за нелегално прислушување во случајот на СЈО „Таргет/Тврдина“, остануваат во екстрадицискиот затвор во Солун откако побарале азил во Грција, потврдиле нивните адвокати за „Макфакс“. Тие денеска требаше да се појават пред Судот за прекршоци во Солун за поседување лажни …

Грујевски и Бошкоски бараат азил во Грција, судењето одложено Read More »

Изградбата на пругата од Кичево до Лин ќе чини 500 милиони евра


Охридскиот регион ќе добие пристап до железничка мрежа со проектот за изградба на пругата Кичево – граница со Албанија, во должина од 63 километри. Проектната и тендерската документација е подготвена, а во наредниот период од меѓународни кредитори ќе се бараат потребните 500 милиони евра колку што е проценетата вредност. На денешната презентација на проектната документација, …

Изградбата на пругата од Кичево до Лин ќе чини 500 милиони евра Read More »

Во Грција денеска почнува првата даночна лотарија


Властите во Грција од денеска почнуваат со првата даночна лотарија, при која по 1.000 евра секој месец ќе се доделат на 1.000 луѓе. Целта на лотаријата е да ја интензивира борбата против затајување на приходот и да го поттикне плаќањето даноци. Грчкото Министерство за финансии објави дека еден милион евра ќе бидат распределени меѓу 1.000 …

Во Грција денеска почнува првата даночна лотарија Read More »

Хан: Можно решение за Македонија во првата половина на 2018 година


Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јохаен Хан очекува во првата половина на 2018 година да се најде политичко решение со Грција за отворање на преговорите со Македонија за членство во ЕУ. – Сега имаме прозорец на можности до средината на следната година кога почнува изборната кампања во Грција. Се повеќе се разбира потребата дека …

Хан: Можно решение за Македонија во првата половина на 2018 година Read More »

Судот во Солун ја одложи расправата за екстрадиција на Грујевски и Бошковски


Советот на обвинители на солунскиот суд ја одложи за 13 декември расправата за барањето на македонските власти за екстрадиција во Македонија на Горан Грујевски и Никола Бошковски, поранешни високи службеници во УБК, по кои имаше распишано меѓународна потерница и беа уапсени во Грција. Одложувањето е поради обврски на нивната одбрана. Двајцата се обвинети од Специјалното јавно …

Судот во Солун ја одложи расправата за екстрадиција на Грујевски и Бошковски Read More »