(Видео) Приведена е девојката која вчера јавно пушеше марихуана во Скопје


Полицијата ја приведе скопјанката која пушеше марихуана на улица и снимката ја сподели на „Фејсбук“. Како што пренесува Макфакс, двајца полицајци попладнево ја лоцирале во Градски парк во Скопје. Ѝ се приближиле, ја легитимирале и ја однеле во станица. Во тек е разговорот со скопјанката, но полицијата не соопштува детали. Сведок на приведувањето била новинарка на Досие.мк …

(Видео) Приведена е девојката која вчера јавно пушеше марихуана во Скопје Read More »

Туск во Скопје на 27 април


Кабинетот на претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, потврди дека тој ќе учествува на самитот Брдо-Бриони на 27 април во Скопје. Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск заминува на балканска турнеја помеѓу 24 и 27 април, за време на која тој ќе ги посети Албанија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, а ќе заврши …

Туск во Скопје на 27 април Read More »

По Могерини и Хан, следната недела и Туск во Скопје


По посетата на високата претставничка за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, во посета на Македонија доаѓа и претседателот на Европски совет Доналд Туск. Туск ќе ја посети Македонија во рамки на турнејата по земјите од Западен Балкан. Од 24 до 28 април ќе ги посети и Албанија, Босна и Херцеговина, …

По Могерини и Хан, следната недела и Туск во Скопје Read More »

Како ќе се вози денеска низ Скопје?


Поради Дигиталниот самит што денеска и утре се одржува во Скопје, има посебен сообраќаен режим на сообраќајниците околу хотелот „Александар Палас“ и Спортскиот центар „Борис Трајковски“. Ќе бидат затворени и пренасочени за сообраќај улиците „Јадранска магистрала“, „Скупи“, делови од булеварите „Осми Септември“, „Илинден“. Истото важи и за другите сервисни улици кои гравитираат кон двата објекта. Посебен …

Како ќе се вози денеска низ Скопје? Read More »

Три нови случаи на напади на кучиња врз скопјани


Три нови случаи на напади на кучиња врз скопјани се пријавени во текот на вчерашниот ден. Во сите три случаи лицата биле повредени. Според полицискиот билтен, 20-годишниот М.В. синоќа во полициската станица во Гази Баба пријавил дека околу 21 часот додека се движел по улицата „Ташко Караџа“ бил нападнат од куче-скитник кое го каснало во …

Три нови случаи на напади на кучиња врз скопјани Read More »

Посебен сообраќаен режим за време на Дигиталниот самит


Поради претстојниот Дигитален самит на земјите од Западен Балкан, што на 18-ти и 19 април ќе се одржува во Скопје во хотелот „Александар Палас“ и во ВИП Арена „Борис Трајковски“, утре од 15 часот и во следните два дена, односно до 15.30 часот на 19 април, СВР Скопје ќе воспостави посебен сообраќаен режим за сообраќајниците …

Посебен сообраќаен режим за време на Дигиталниот самит Read More »

Могерини и Хан на 19 април во Македонија


Високата претставничка за европска надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, следната недела заедно со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан ќе се обрати на Собранието на Македонија. Нивната посета ќе следува еден ден по објавувањето на извештајот за напредокот на Македонија. За содржината на извештајот и останатите прашања од интеграцискиот процес беше разговарано и на денешната …

Могерини и Хан на 19 април во Македонија Read More »

Актерката Адеа Шабани денеска ќе биде погребана во Скопје


Актерката Адеа Шабани, која беше пронајдена мртва еден месец по нејзиното исчезнување во САД, денеска ќе биде погребана во Скопје. Безживотното тело на Адеа Шабани, скопјанка која студираше глума во Холивуд, пристигна во нејзиниот роден град. Ќе биде погребан денеска во 14 часот на гробиштата во Бутел. Еден месец откако беше објавено нејзиното исчезнување, актерката …

Актерката Адеа Шабани денеска ќе биде погребана во Скопје Read More »

Во патнички автобус оставена ќеса со марихуана


На автопатот Скопје-село Миладиновци вчера во патнички автобус била пронајдена ќеса со марихуана. Како што соопшти МВР, вчера во 11.35 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-село Миладиновци во патнички автобус со скопски регистерски таблици, кој сообраќал на релација Скопје-Дортмунд, била пронајдена една најлонска ќеса оставена внатре во автобусот. …

Во патнички автобус оставена ќеса со марихуана Read More »

Благодатниот оган од Ерусалим пристигна во Скопје


Црковна делегација предводена од поглаварот на МПЦ-ОА г.г Стефан на скопскиот аеродром го презеде Благодатниот оган што со авион во земјава пристигна од Ерусалим преку Софија. Благодатниот оган од Софија го донесе владиката Иларион од Брегалничката епархија. Оганот, што се носи во фенер, од скопскиот аеродром ќе биде пренесен во Соборниот храм Св. Климент Охридски во …

Благодатниот оган од Ерусалим пристигна во Скопје Read More »

Благодатниот оган околу 20 часот ќе пристигне на аеродромот во Скопје


Благодатниот оган што секоја Велика сабота веќе два милениума чудесно се појавува на гробот на Исус Христос, вечерва од Ерусалим преку Софија, се очекува во периодот меѓу 19.30 до 20 часот да пристигне на Меѓународниот аеродром „Скопје“, информираат од Македонската православна црква – Охридска архиепископија. На аеродромот во Софија ќе го пречека бугарскиот патријарх Неофит, а …

Благодатниот оган околу 20 часот ќе пристигне на аеродромот во Скопје Read More »

Пукано кон возило во движење во Карпош


Непознато лице вчера пукало кон возило „Киа Спортаж“ со скопски регистарски ознаки сопственост на Д.П, кое се движело по булеварот „Октомвриска револуција“ во Скопје. Како што информира МВР, случајот во Полициската станица Карпош синоќа во 22 часот го пријавил Д.П. – Непознатиот пукал од паркинг на хотел кон возилото на Д.П, по што со друго возило побегнал во …

Пукано кон возило во движење во Карпош Read More »

Сообраќаен колапс поради странците


Револтирани граѓани, редица од возила, блокирано централно подрачје, луѓе што доцнат на работа, деца на училиште… Се пропуштаат состаноци, не се исполнуваат обврски, се губат нерви и пари. Така изгледа Скопје при посета на странски државник без оглед од каков ранг. Сообраќајниот колапс, кој секојдневно се случува во главниот град, дополнително се засилува кога во …

Сообраќаен колапс поради странците Read More »

Три лица каснати од кучиња скитници


Две лица во Скопје и едно во Гостивар вчера пријавиле во полиција дека биле каснати од куче. Д.С. (79) од Скопје, во Полициската станица Аеродром пријавил дека на 2 април околу 13:30 часот пред неговата куќа на улицата „Анастас Митрев“ бил каснат од куче скитник во пределот на десното колено. Т.Ј.(59) од Скопје, исто така, …

Три лица каснати од кучиња скитници Read More »

Ѕанакопулос: Промена на уставното име доколку сакаме да стигнеме до решение


Промена на уставното име е една од правните обврски за да се постигне договор, вели портпаролот на грчката влада и министер без ресор Димитрис Ѕанакопулос, во интервју за грчката ТВ Алфа. Прашан за натписите во медиумите за евентуален грчки план „Б“ за потпишување договор со меѓународните организации, без да мине низ парламентите на двете земји, …

Ѕанакопулос: Промена на уставното име доколку сакаме да стигнеме до решение Read More »

(ФОТОВЕСТ) Променет натписот на аеродромот во Скопје


Натписот на скопскиот аеродром е променет во „Меѓународен Аеродром Скопје“. Одлуката за промена на името на скопскиот аеродром од „Александар Велики“ беше донесена заедно со одлуката за промена на името на автопатот од „Александар Македонски“ во „Пријателство“.  

Украдени 15.000 евра од стан во Скопје


Во полицијата е пријавена кражба на 15.000 евра од стан на ул. „Христо Татарчев“ во Скопје, која се случила  изминатиот викенд. И.И (37) вчера изутрина пријавил дека е извршена тешка кражба во неговиот дом.  Крадецот со употреба на клуч-клауз делувал на бравата и ја отклучил по што влегол во станот и одзел околу 15.000 евра …

Украдени 15.000 евра од стан во Скопје Read More »

(ФОТО) Априлијада во Скопје: Продефилираа пирати, пеперутки, жирафи и принцези


Голема детска журка „Априлијада 2018-Скопје се смее“ по повод 1 Април – Денот на шегата се одржа денеска на плоштадот „Македонија“ во Скопје. За забавата со маски, балони, песнички и игри се задолжени секцијата за модерен балет и фолклорната секција на Детскиот културен центар „Карпош“, Мина Блажев, Златно славејче и танцови групи од основните училишта …

(ФОТО) Априлијада во Скопје: Продефилираа пирати, пеперутки, жирафи и принцези Read More »

Авион на Визер безбедно слетал откако му откажал еден од моторите пред слетување во Скопје


Патници кои вчера допатувале со авион на Визер од Базел имале проблеми при слетување откако едниот мотор откажал во моменти на приземјување и подготовки за слетување на скопскиот аеродром. Според патниците кои ја познавале процедурата на слетување, авионот морал да го прекине слетувањето и да сврти неколку круга над Скопје за да го изнивелира авионот …

Авион на Визер безбедно слетал откако му откажал еден од моторите пред слетување во Скопје Read More »

Таксист сакал да ограби Американец и не го пуштал да излезе од возилото


Во Полициската станица – Центар вчера околу 19 часот и 10 минути, 32-годишниот Р.Р. од Северна Каролина-САД, со привремено престојувалиште во Скопје, пријавил дека истиот ден околу 16:45 часот од плоштадот „Скендербег“ се качил во такси возило и му кажал на возачот да го однесе до хотел во Скопје. Откако пристигнале пред хотелот, таксистот му …

Таксист сакал да ограби Американец и не го пуштал да излезе од возилото Read More »