Патот Приштина-Скопје претпладнево ќе биде пуштен за сообраќај


Косовскиот министер за инфраструктура Паљ Лекај најави дека претпладневоќе биде отворен за сообраќај патот Приштина-Скопје, кој поради градежни работи беше затворен на потегот меѓу Качаник и Генерал Јанковиќ.

– Тврдам дека утре во 9 часот патот ќе биде пуштен во сообраќај и мислам дека ги завршивме сите работи во предвидениот рок, ја пренесе КТВ синоќа изјавата на Лекај.

Патот меѓу Приштина и Скопје, во сегментот Качаник-Гнерал Јанковиќ, е затворен за сообраќај од 8 мај, заради расчистување на неколку места на кои често има одрони кои го отежнуваа сообраќајот на овој магистрален пат кој води до границата со Македонија.

Првично беше предвиено реконструкцијата на овој патен правец да трае еден месец, но жестоките реакции на месното население, посебно на она од Генерал Јанковиќ, кое беше речиси во изолација, придонесе Владата да ги забрза работите, ангажирајќи по две смени на трасата, и тие да завршат порано од првично предвидениот рок.