Приштина плаќа 53 милиони евра пенали за фирмата која го гради автопатот Приштина-Скопје


Косовската влада издвои дополнителни 53 милиони евра за фирмата „Бехтел Енка“, кој ги изведува работите на изградбата на автопатот Приштина-Скопје, поради неизвршување на обврските од страна на претходната Влада.

Министерот за Инфраструктура на Косово, Паљ Лекај, на денешната владина седница, изјави дека, поради ненавременото плаќање на сметките од страна на претходната влада, конзорциумот побарал да му се исплатат дополнителни 63 милиони евра „заради предолгото задржување на опремата и индиректни трошоци“.

– По преговорите успеавме да ја намалиме сумата на 45 милиони евра, што значи дека заедно со 8 милиони ддв, во тотал ќе платиме 53 милиони евра, рече Лекај.