(ФОТО) Шоу на ексклузивни спортски автомобили во Скопје


Атрактивни моќни автомобили денеска беа прикажани на плоштадот „Македонија“ во Скопје. Настанот насловен како „Рели за ексклузивни автомобили“ се организираше по иницијатива и покана од „Парк хотел и спа Скопје“.

Љубителите на спортските автомобили уживаа во повеќе од 40 лимитирани серии возила, меѓу кои: „Ламборгини Авентадор спајдер“ – со над 700 коњски сили, во исклучително убаво пакување, „Ауди р8 плус“ – 10-цилиндарски мотор, суштински врв на германското инженерство, „Ферари 488“ – носител на наградата „Супервозило на годината“ од Топ Геарr, „Астон Мартин ДБ11“ – возилото на Џејмс Бонд, „АМГ ГТ Р“ – специјално создадено чудовиште за патека од „Мерцедес Бенз“, „Мерцедес Бенз Ц63 купе“ – оптимизиран од „Манхарт“ со над 700 коњски сили, „Нисан ГТ-Р Блек едишн“, „Нисан скајлајн“, „Порше 991 Турбо С“…

фото: Борис Грданоски