Верници на протест: Се извинија на дедо Стефан и на дедо Партениј, но бараат да го послушаат гласот на народот
Верници на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија денеска одржаа мирен собир на скопскиот плоштад со цел поддршка на епископот Партениј за митрополит на Дебарско-кичевската епархија. Како што беше посочено на денешниот собир, Архиепископот г.г. Стефан предложил само еден кандидат за избор на митрополит на Дебарско-кичевската епархија и го испратил предлогот до членовите на Синодот. …