(Видео) Почна заедничката литургија на СПЦ и МПЦ во храмот „Свети Сава“


Во храмот „Свети Сава“ во Белград утрово во 9 часот почна литургијата за помирување, која ја служат српскиот патријарх Порфирие и архиепископот охридски и македонски Г.Г. Стефан.

Со овој чин по 55 години раскол Македонската црква е вратена во литургиско и канонско единство со СПЦ.

Во храмот, иако е работен ден, се собраа голем број верници. СПЦ порано најави дека со литургијата на помирување повторно ќе биде воспоставено литургиско и канонско општење на двете сестрински цркви, во согласност со одлуката на Саборот на СПЦ. Српската православна црква го повика верниот народ да земе молитвено учество во овој единствен и радосен чин.